Музичарот и фотограф Рубен Ву е познат по неговиот метод каде што користи дрон со светла со кој ги осветлува пејзажите. Со ова им дава неверојатен изглед на неговите фотографии. Овие фотографии се дел од неговиот проект Lux Noctis на кој работи уште од 2016-та година.rnrn
rn
„Првиот дрон го добив во 2014-та година. Уште од детството сонував за летачка камера за да можам да ги гледам пејзажите од невозможни перспективи. Па, важен дел во моето фотографирање беше користењето на камера со далечински управувач. Почнав да правам фотографии и музички видеа со неа и експериментирав користејќи проектори за да направам вечерни графички дезени. Концептот Lux Noctis потекна од овие експерименти – го користам дронот како воздушен извор на светлина наместо камера.“
rn
rnrnРубен е фасциниран од пејзажите на планините и пустините бидејќи самотијата и богатото природно чудо што го нудат му даваат инспирација и можност да се фокусира на својата работа. Истражувањето на овие средини навечер претставува вистински предизвик.rnrn
rn
„Фотографиите се направени со долга експозиција и потребно е добро да се осмислат и наместат. Според мене вистински занает е да се создадат ноќни фотографии, а користењето воздушни светилки со далечински управувач е само дел од тоа.“
rn
rnrnВо текот на проектот тој користел разни камери, но последната е Fujifilm GFX50S, а дронот е модифициран модел на DJI Phantom.rnrn
rnrnЛокациите што ги фотографира бараат добра подготвеност од страна на Рубен.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
