Еко-дом

Сподели

Како би сакале вашиот дом да биде трансформиран во прекрасен внатрешен зелен лавиринт? Гринворкс е Шведска компанија со необичен профил: тие создаваат уникатен прилагоден простор со зелени ѕидови. Од мобилни растителни панели сè до врамени екрани со светлосни ефекти, оваа идеја може значително да го промени и освежи вашиот простор.Компанијата ги обезбедува сите услови за грижа на растенијата: водоснабдување, исхрана, чистење и пресадување со гаранција дека вашите ѕидови ќе бидат секогаш уредни, а просторот здрав за живеење. Ова би било одлично решение за деловна зграда, зар не?Кои се предностите ако имате вакви зелени ѕидови? Воздухот во просторијата ќе биде почист и повлажен, ќе има испарување и звукот ќе биде пригушен. За естетскиот момент не треба ни да коментираме. Вие и вашите пријатели со задоволство ќе уживате во својата кафе пауза меѓу овие живи и зелени ѕидови.rn———————————————————————————————————————————————————————

Реклама New Ways Of Travel

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира