Дали посакувате да го поминете летово во Тоскана, но нема можност да ви се оствари вашата желба? Не грижете се, имаме добри вести за вас! Можете да создадете италијански амбиент на вашиот балкон или тераса. Ви гарантираме дека ќе се чувствувате како да сте на одмор во Фиренца.rnrn
rnrnПа, како да го уредете балконот во италијански стил? Доколку сакате да ја преуредите терасата или балконот, не мора да купувате нов мебел. Промената во декорот е брзо и евтино решение. Тајната, нормално е во деталите. Погледнете ги следниве предлози и претворете го вашиот балкон во оаза на релаксација во италијански стил.rn
Шарени перничиња
rnПерничињата се едноставен и евтин начин да се внесе летна боја во која било просторија. Одберете бои кои асоцираат на сонцето. Најдобро е да комбинирате неколку вида. На пример, перничињата со шарени пруги се комбинираат со еднобојни модели, каде што бојата е иста како на пругите.rnrn
rn
Чадор со италијански пруги
rnИталијанскиот брег е исполнета со сини и бели пруги – на облеката, палубите и секако на чадорите. Ставете ваков акцент на вашиот балкон и веднаш во вашите мисли ќе ви се појави плажа.rnrn
rn
Градинарски ламби
rnСтаклените ламби со придушено жолто светло се заштитен знак на италијанските ресторани. Посакувате ли за момент да заборавите дека се наоѓате во Македонија? Поставете ги на терасата, нарачајте пица и сипете си чаша црвено вино.rnrn
rn
Летни коктели во големи чаши
rnНе постои ништо поедноставно од правењето коктели! Наполнете мраз во една голема чаша, додајте 40 милилитри бел вермут, една лажичка лимон или лимета и сипете тоник. Коктелот е готов!rnrn
rn
Гледајте филм на отворено
rnИталијанците обожуваат кино за време на жешките летни ноќи. Доколку сте во можност и поседувате проектор за филм – погрижете се да направите кино на отворено!rnrn
rn
Цвеќе на маса во глинени саксии
rnИталија има многу природни градини, во кои доминира жолтата и црвената боја. Доколку сакате да постигнете сличен ефект, на масата поставете букет шарени цвеќиња во голема грнчарска саксија. Можете и да посадите сопствено маслиново дрво, кое ќе го чувате во вашиот дом за време на студените денови.rnrn
rn
Подгответе вечера заедно
rnИталијанците сакаат кога заедно поминуваат време во кујната. Ништо не ве спречува да го прифатите овој убав обичај. Музика во позадина, убаво друштво, ладни пијалаци – тоа нема да ви претставува напор, туку дополнителна забава.rnrnПрочитајте и кои 6 работи треба да ги избегнувате ова лето!
