Архитектите од компанијата „MAD Architects“ си заработиле место на натпреварот Beulah International со нивниот дизајн на зелен облакодер кој би се издигнал над Мелбурн. Извивајќи се како една кула, овој облакодер е визија со повеќе намени што ги разнесува посетителите на неколку нивоа, додека истовремено се обидува да ги поврзе со природата.rnrn
rnrnИнтернационалниот натпревар барал од архитектите да комбинираат место за живеење, место за продажба, хотел со 5 ѕвезди, место за забава и зелен простор.rnrn
rnrnЗа да се справат со предизвикот, архитектите направиле концепт за облакодер кој имитира органски форми направени од дрво и стакло. Додатокот на најгорниот кат што личи на облак прави облакодерот навистина да изгледа како планина.rnrn
rn
„Пркосејќи им на обичните стаклени згради во Мелбурн кои не одговараат со историските паркови и природните терени на градот, овој органски дизајн претставува силуета на природни форми – планина, дрво и облак во густиот центар“, изјавиле од фирмата.
rn
rnrnДолните нивоа на зградата кои се резервирани за продажни салони изгледаат како „планински села“ со вертикално поставен зелен простор кој ги трга посетителите од урбаната средина и ги носи во природата. Кулата се издига од „селото“ како дрво.rnrn
rnrn„Облакот“ не само што нуди неверојатен поглед кон Мелбурн, туку и обединува неколку места за уживање во рамките на хотелот. Посетителите можат да јадат во ресторанот, да се релаксираат во лобито, барот или на палубата за набљудување.rnrn
rn
„Кон краевите облакот станува провиден и имитира вистински облак постанувајќи маглина што се вклопува во небото.“
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете и како изгледаат некои од најубавите училишта ширум светот.