Дизајн на ентериер инспириран од најпознатите уметнички дела

Сподели

Додека уметниците се инспирираат од надворешниот свет за да создадат дела на кои нема да останете рамнодушни, дизајнерката на ентериер Амалија Бренеман решила да ги искористи четирите најпознати слики во историјата на уметноста како инспирација за нејзините дизајни.

Реклама

Таа се запрашала како дел од најпознатите сликари вклучувајќи ги Винсент ван Гог, Леонардо да Винчи, Едвард Мунк и Салвадор Дали би можеле да ги украсат своите домови употребувајќи ја истата палета со бои од нивните најпознати дела.

Во соработка со angi.com, дизајнерката работела на ентериерот притоа користејќи ги истите шеми на бои и естетика претставени во дел од најпознатите уметнички дела.

Погледнете ги нејзините преубави дизајни во продолжение.

„Ѕвездена ноќ“, Винсент ван Гог „Долготрајноста на спомените“, Салвадор Дали „Мона Лиза“, Леонардо да Винчи „Крик“, Едвард Мунк

Доколку ви се допаднаа овие дизајни, можеби ќе сакате да откриете како да го уредите домот со есенски, шик детали.

Извор: designyoutrust.com

Популарно

Може ќе ве интересира