КАФЕ ПАУЗА

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките

Пеперутките најчесто споделуваат само еден краток момент од нивната убавина со нас. Токму во моментот кога ќе започнеме да им се восхитуваме на нивните неверојатни бои и шари, тие ќе ги рашират нивните крилја и ќе си одлетаат некаде. Самоукиот фотограф Адам Гор е студент по биологија во Унгарија, а неговата работа е фокусирана на овековечување на убавината на овие минливи суштества. Специјализирајќи се во природна макрофотографија, тој патува ширум државата за да прави фотографии од разни прекрасни видови пеперутки коишто одвреме-навреме одмораат на растенијата, понекогаш и во парови.rnrnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките rnrnВо фотографските дела на Гор можат да се сретнат разни видови пеперутки, на коишто одблизу се гледаат нивните воодушевувачки дизајни. На секоја од фотографиите можат јасно да се видат живописните бои на крилјата на пеперутките, коишто ни овозможуваат да уживаме во секој најситен детаљ од структурата на овие суштества: нивните долги, наведнати антени и крилјата коишто се прелеваат во разни бои. Од овие фотографии можеме да заклучиме дека страста на Гор, е токму фотографирањето на природата.rnrnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките rn

„Фотографијата почна да ме интересира уште од 2000-та година, кога имав само 6 години и ја имав мојата прва Никон компактна дигитална камера. Потоа, во 2007 година имав бриџ камера од Панасоник, којашто беше многу голем напредок во однос на мојата претходна камера. Во овој период од животот започнав многу посериозно да се занимавам со фотографија, а пеперутките и ноќните пеперутки станаа мојата главна тема.“

rnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките rnrnИ покрај тоа што Гор фотографира речиси цел свој живот, тој и понатаму се смета себеси за аматер. Исто како и многу други фотографи, тој потенцира дека користењето професионална опрема не мора да значи дека ќе направите добри фотографии, туку многу поважна е прецизноста на уметничкото око.rnrnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките rn

„Ние, фотографите, мораме секогаш да се стремиме да ги правиме најдобрите фотографии во согласност со нашите моментални познавања и ние секогаш се обидуваме да прикажеме нешто ново и да им го покажеме на гледачите начинот на којшто ние го доживуваме светот како фотографи.“

rnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките rnrnБиолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Биолог од Унгарија ги фотографира брилијантните декорации на крилјата на пеперутките Прочитајте и за овие 19 прекрасни трансформации на пеперутки и молци