Иако современите технологии и програмите како Фотошоп вметнаа нова димензија во уметноста и драстично ги сменија погледите на она што се смета за убаво, факт е дека вистинските уметници одлично функционирале и пред нив. Доказ за тоа е овој неверојатен едиторијал на признаениот моден фотограф Мелвин Соколски. Наречен е „The Bubble Series“, креиран е во 1963 година за пролетната колекција на Harper’s Bazaar и ја прикажува прекрасната Симон Д’Ајанкур во конструкции со облик на меурчиња како буквално плови низ Париз.rnrn



rnrnИдејата за фотосесијата ја добил шетајќи низ трговски центар во Њујорк, каде забележал необично украсен излог во кој биле поставени два големи меури и веднаш се сетил на слика од Хиеронимус Бош во која меурчињата изгледале како да излегуваат од земјата. Пронашол место во Лонг Ајленд каде што требало да ја изградат конструкцијата според примерот на јајцата Фабреже, но бидејќи не успеале да го направат онака како што тој го замислувал, на крајот заедно со својот тим го изработиле во своето студио. Интересен е фактот што Мелвин Соколски имал само 21 година кога ги направил овие феноменални фотографии.rnrn


rnrnОгромното меурче било поставено со помош на кран, секако прво морале да извршат неколку тестирања за да нема непредвидени ситуации и никој да не се повреди. За време на снимањето најголем проблем било тоа што кога манекенката ја сместувале во меурчето ветерот постојано и ја уништувал фризурата. На крајот Соколски го натерал и фризерот да влезе во меурчето за манекенката воопшто да не мора да ја напушта конструкцијата. Прекрасни се, зарем не?rnrn

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
