Да се обидете да ја разберете пространоста на универзумот е застрашувачка задача. Доволно е само да прочитате за растојанието помеѓу Земјата и најблиската ѕвезда или галаксија и вашата глава веднаш ќе почне да ве боли. Токму затоа самата помисла да се минијатуризира нешто толку огромно како космосот е навистина фасцинантно. rnrnЕден корисник на „Reddit“ со име „TheScienceLlama“ го сторил токму тоа. Користејќи го филтерот тилт-шифт во Фотошоп тој креирал прекрасна серија вселенски фотографии. Овие обработени фотографии се разликуваат од оригиналните поради ефектот кој се постигнува со замаглување на одредени делови од нив со кои се симулира подлабока длабочина на полето.rnrn







rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.