Најновиот уметнички проект на артистот Ендру Мејерс посочува на неверојатната способност на љубовта да триумфира врз злото. „Љубовта победува“ е една скулптура со размер 183 x 122 сантиметри која претставува еден своевиден коментар за немирот кој моментално владее ширум светот. Направена е од преку 6.000 шрафчиња, наместени на различни длабочини, и потоа рачно насликани едно по едно.rnrn
rnrnНеговата идеја со својата тишина гласно зборува дека треба да се обидеме да ја турнеме моќта на злото која му се заканува на човештвото. Мејерс бил инспириран да ја создаде оваа уметност набљудувајќи го неговиот 5-годишен син чија невиност и чистота биле во директен контраст со надворешниот хаос кој го тероризира светот денес.rnrn
rn
„Нема многу убавина во нашиот свет, но секогаш постојат константните потсетувачи на несигурноста, злото и стравот. Очигледно е дека светот е немирен и дека таков е веќе подолго време. Се обидов да замислам едно ново уметничко дело кое ќе ја претстави чистотата и ќе го турне злото. Кога ќе размислам, љубовта е нешто во кое суштински треба да веруваме и да се надеваме. Верувам, заради син ми. Сакав да го направам овој проект за да ги потсетам луѓето дека невиноста, чистотата и љубовта се посилни од злото.“ – вели Мејерс.
rn
