КАФЕ ПАУЗА

Аниматор го одржува сеќавањето за неговата покојна сопруга преку неверојатни илустрации

На неговиот 54-ти роденден, телевизискиот режисер за анимации Гери Ендрус започнал „Дневник со чкртаници“. Овој проект е навистина едноставен, но се покажал како многу моќен изминатата година – тој ги забележувал неговите денови со мали илустрации.rnrn

Љубов. Засекогаш.
rnrnКога прв пат го почнал проектот, Гери често го прикажувал неговиот живот како човек во среќен брак кој ужива со неговата сопруга Џои и нивните две деца. Но, сега приказната е поразлична. Џои починала на 27-ми октомври 2017-та година од сепса. Тогаш Гери бил на патување и не можел да се збогува со жена му пред да умре.rnrn
Безбедно патување, моја Божице. Засекогаш во моето срце.
rnrnСо нејзината смрт, „Дневникот со чкртаници“ се променил преку ноќ. Иако Гери не нацртал ништо ноќта кога починала жена му, му се вратил на дневникот следниот ден. Тој го користел дневникот за да ги покаже неговите чувства и емоции.rn

„Плачев толку многу што беше тешко да се фокусирам на страницата. Цртав во солзи.“

rn

„Еве поема за мама… Розите се црвени. Темјанушките се сини. Посакував да не си мртва, а ти?“
rnrnЦртежите по семејната трагедија го прикажуваат Гери како вдовец. Тие ја прикажуваат неговата тага и неговото прилагодување на животот како самохран татко. Овие цртежи се моќен потсетник дека без разлика на сè, животот продолжува понатаму.rnrn
Утеха од 10-годишната ќерка додека плачам… Никогаш не сум бил погорд.
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn