Дали обожавате кога ќе влезете во нечиј дом и ќе почувствувате дека тој простор изобилува со некоја посебна, топла атмосфера и едноставно, како да има душа? Ова искуство ве натерало да почнете да размислувате како и вашиот дом да го „украсите“ и средите на сличен начин. Без разлика дали станува збор за стар или нов дом, постојат неколку детали кои ќе го разубават и кои ќе му всадат живот. Доколку размислувате за уредување на вашиот дом, а плус на ова ја сакате модата, тогаш во согласност со тоа интересирање набавете неколку ситници кои ќе му дадат личен печат, но и неодолив модерен изглед.rnrn
rn
1. Впечатлива подна ламба
rnБез разлика на тоа дали вашиот дом по површина е голем или мал, сигурно постои некој ќош кој можете да го украсите со голема, впечатлива подна ламба. На пример, ламбата можете да ја сместите во близина на креветот, како би можеле да читате навечер, но и за да создадете пријатна атмосфера. па дури и романтична. Кога просторијата е осветлена на овој начин, таа автоматски изгледа поубаво и дава впечаток на удобност и пријатност.rnrn
rn
2. Комплет перничиња
rnКога сме веќе кај креветот, освен ламбата која ќе овозможи дискретно осветлување, можете да декорирате со симпатични перничиња кои ќе имаат некоја приказна. Не мораат да бидат идентични, но може да бидат со усогласени бои или дезени за да не изгледаат пренатрупано или премногу шарено. Повторно, сѐ зависи од уредувањето на остатокот од домот, како и од тоа каква атмосфера сакате да создадете. Секако, ова е еден личен печат во вашиот дом и симбол на удобност и опуштање.rnrn
rn
3. Слики, слики, слики
rnНајдобриот начин за да ги украсите вашите ѕидови, особено оние кои се потполно бели, се сликите. Изберете слики во силни и впечатливи бои или пак црно-бели, во зависност од атмосферата од остатокот на просторијата. Доколку ја украсувате спалната соба, изберете слика од некој убав предел (природа или омилениот град), а доколку ја украсувате кујната или трпезаријата, пронајдете слика која ќе одговара на таа „тема“. Секако, доколку не сакате слики, уредете го вашиот дом со фотографии кои ќе ги ставите во интересни рамки.rnrn
rn
4. Зеленило
rnАко ве мачи уште еден празен простор, а ламбата веќе сте ја обезбедиле, тогаш освежете го овој дел од домот со некоја билка. Нека тоа биде некоја собна, зелена билка, која ќе ја засадите во некоја интересна саксија. Одличен начин да ја освежите просторијата, а не знаете како да се грижите за билките, е кактусот. Лесно се одржува, а изгледа толку убаво.rnrn
rn
5. Свеќи
rnАко вака убаво сте го уредиле вашиот дом, зошто не би додале уште една преубава нота, мирис? Заборавете на класичните освежувачи на воздухот, а наместо нив изберете декоративни, но миризливи свеќи и уживајте во вашето „гнездо“ со сите сетила.rnrn
rn
6. Големо огледало
rnКоја девојка не сака огледала? Но, доколку сакате посебен печат, изберете што е можно поголемо огледало, со раскошна, уметничка рамка и ќе добиете совршен украс која секоја ваша другарка ќе го обожава. Но и вие, бидејќи има ли подобра селфи фотографија од онаа во огледалото?rnrn
rn
7. Полица со книги
rnДобро, можеби не сакате да читате, но мора да признаете дека едноставната полица со разнобојни книги изгледа доста модерно. Сепак, доколку навистина не сакате да читате и не сакате да дојдете во ситуација кога некој од вашите гости ќе ве праша за некоја книга за која немате поим, своите полици исполнете ги со плочи, музички албуми, филмови, нешто што сакате и кое е ваше хоби. Секако, и автентичниот сувенири од патувањата доаѓаат предвид. Покажете ја вашата страст!rnrn