rn
7. Го сакаат светлото
rnАко поради положбата на нивната куќа или стан, односно прозорците во домот немаат доволно добар извор на природна светлина, тие ќе го надоместат тоа со вештачко осветлување. Во дневните и вечерни прилики често палат свеќи кои на животниот простор му даваат посебна топлина.
rn
8. Редовно чистат
rnНе се роботи со крпи и детергент, но имаат свој распоред на редовно чистење од кој не отстапуваат и поради тоа им е лесно да ја одржат уредноста.
rn
9. Спалната соба е нивното засолниште
rnПросторијата во која спиеме е многу важна. Експертите за уредување советуваат токму таа да биде првата на која треба да ѝ посветиме внимание. Таа е последното нешто кое го гледаме пред да заспиеме после долгиот ден и првото нешто кое го гледаме наутро кога ќе се разбудиме, па енергијата на таа соба ја носиме со себе.
rn
10. Избирајте бои кои го подобруваат расположението
rnБарем еден ѕид во нивниот дом е обоен во некоја од боите кои докажано добро влијаат на нас, како што се зелената или портокаловата.
rn
11. Сакаат да го „намирисаат“ својот дом
rnСвеќи, освежувачи или пак, домашно подготвен мирис за дом како што се запалените борови гранчиња. Пријатниот мирис, исто така, го подобрува расположението.
rn
12. Го полнат животниот простор со спомени
rnФотографиите на ѕидот или на полиците можеби не се лесни за одржување, но погледот кон нив секој пат ги развлекува усните во насмевка. Затоа не „бегајте“ од големиот број фотографии во вашиот дом.


