12 креативни начини да уредите мал стан

Сподели

Големината на вашиот дом не е важна, туку топлината која владее во него. Ова се 12 креативни начини да уредите мал простор, да го направите функционален и визуелно поголем.rn

Реклама

1. Одберете долги завеси

rnПоставете ги завесите високо до таванот така што вашите прозорци ќе бидат визуелно поголеми, а воедно и целата просторија.

rn

2. Офарбајте го мебелот

rnДоста креативно решение за да внесете разиграност во вашето место на живеење. Доколку ги обоите ѕидовите во различни бои просторот може да делува позатворен, затоа, ако сакате да внесете боја во вашиот дом, подобро решение е да го исфарбате мебелот во светли и привлечни бои.

rn

3. Двојна функција

rnСекаде каде што имате прилика направете ги нештата што пофункционални. На пример, покрај ѕидот во дневната соба поставете долга маса со повеќе фиоки која може да ви служи како работно биро, а кога ќе се расчистат материјалите воедно да ви служи и како бар или маса со закуски доколку приредувате забава.

rn

4. Сокријте

rnЖивеењето во стан често подразбира справување со работи кои не можете да ги промените. Непотребните работи како кабли, прекинувачи и слично, можете да ги „маскирате“ на пример со ѕидни слики.rn

5. Плус просторија

rnДа претпоставиме дека живеете сами, со партнер или со цимер/ка. Трпезариска просторија не ви е потребна па најдобро би било просторот да го преуредите и да го искористите порационално.

rn

6. Искористете ги ѕидовите

rnНајпаметен начин за заштеда на простор е поставување полици на ѕидовите. Практични се, убаво изгледаат и заштедуваат многу простор.rn

7. Дополнителен простор

rnСекогаш е добра опција да додадете полици во кујната за да добиете дополнителен простор за чување храна.

rn

8. Ќилими

rnДоколку сте под кирија или немате средства за поскапи зафати, може да се соочите со под кој не одговара на стилот во вашиот стан. Најдобро решение е да вложите во ќилими кои ќе го покријат она што вас не ви е по мерак.

rn

9. Висок мебел

rnСо одбирањето на повисок мебел визуелно ја зголемувате просторијата. Колку полиците на вашата комода се поблиску до таванот, толку вашата дневна соба ќе изгледа поголема.

rn

10. Огледала

rnЗакачете огледала во станот за да креирате илузија на поголем простор. Одберете огледала со рамки кои ќе го нагласат декорот. Секако, без претерување.

rn

11. Искористете стари парчиња мебел

rnДоколку имате плакар кој никако не се вклопува во вашето уредување, извадете ги вратничките и префарбајте го. Најголемиот простор во средина искористете го за закачување палта, најдолу за чување на обувки, а доколку ви треба плус простор, може да најдете доста евтини големи кутии за чување на корисни работи кои ќе ги поставите на другите полици. Ете толку лесно од стариот плакар ќе си наравите совршено парче мебел за во ходник или за во претсобје.

rn

12. Отстранете ги вратите од плакарите

rnВратите од плакарите заменете ги со интересни завеси со цел да заштедите простор и да добиете поголема пристапност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира