Кинезите се познати по тоа што обожаваат да возат велосипеди и немаат долга традиција на конструирање автомобили. Во обидот брзо да се доближат до европските и јапонските ривали, тие се обидуваат најмногу со имитирање, но имаат и некои вакви иновативни, но истовремено и чудни решенија.rnrn
Great Wall Hover π
rnОвој автомобил е статусен симбол во Кина. Надворешноста е инспирирана од Големиот кинески ѕид, но внатрешноста не е воопшто импресивна споредено со стандардите на европските автомобили. Се произведуваат само по нарачка.
rn
BAW Motors Yongshi
rnЈонгши е не многу моќен теренец, иако милитантниот изглед сугерира нешто друго. Пред сè е наменет за војската, но секој кој има доволно пари може да го нарача за себе.
rn
BAW Motors Zhanqi
rnЖанки е само лоша имитација на култниот Џип Вранглер. Подолг е, погрд и помалку моќен.
rn
HNUSP L-DDC
rnКонструкторите на овој доста чуден автомобил на три тркала никогаш не успеале да го направат и доволно стабилен. Претставуван е на повеќе саеми, но поради овие проблеми никогаш не е пуштен во производство.
rn
Zotye Auto JN Model
rnСпоред рекламната кампања, акцентот на овој модел е ставен на практичноста на сметка на перформансите. Таа сугерира дека автомобилот треба да е доста комфорен, во него собира огромен товар, а сето тоа го влече мотор со само три цилиндри и 35 коњски сили.
rn
Li Shi Guang Ming Detroit Fish
rnОва е уникатно дизајниран бавен електричен автомобил кој треба возачот полесно да го пренесе низ сообраќајниот метеж во кинеските метрополи. Чини 5.000 евра.
rn
Li Shi Guang Ming the Book of Songs
rnДодека електричните модели на западноевропските и јапонските произодители веќе достигнуваат извонредни перформанси, моделот „Песнарка“, како што лирски е крстен овој автомобил, достигнува само 45 км/ч. Сепак, го освојува погледот со необичниот дизајн.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
