Уникатни македонски покани за свадба
Свадбената покана е составен дел од целокупната слика за една свадба, па доколку сакате сѐ да биде под конец, треба да се погрижите таа да биде уникатна и интересна. Преку поканите вие испраќате порака до вашите драги гости за каква венчавка станува збор, дали за модерна, гламурозна, традиционална или фамилијарна.На нашиот пазар се појави нов бренд, кој може да се погрижи вашите свадбени покани да бидат уникатни и единствени. Целна група се младите брачни парови кои сакаат на својата венчавка да ѝ дадат лична нота. Можете да одберете некој од веќе смислените дизајни или да предложите дизајн кој би ја отсликувал вашата приказна. Промотивно во месец декември дизајнот на поканите е бесплатен. Доколку сакате да сте во тек со работата на „Покани за свадба“ можете да ги следите на Фејсбук и на Твитер.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.