Кај нас секое утро на пат кон работа или факултет ќе ги сретнете продавачите на тазе испечени ѓевреци. Ако отпатувате во некоја друга земја тоа можеби ќе ви недостига, но ќе можете да експериментирате со други интересни брзи „улични“ оброци (освен хамбургерите и хот догот).rn
Холандија
rnНајпопуларната храна која се продава на улиците ширум Холандија изворно се нарекува пататје орлог, или во превод „воени компирчиња“. Тоа се пржени компирчиња прелиени со мешавина од кечап, мајонез и сос од кикиритки, врз кои потоа се додава пржен кромид.
rn
Канада
rnКанадската варијанта на пржените компирчиња се вика путин. Доаѓа со прелив од сос од печено месо и многу сирење.
rn
Египет
rnСпецијалитетот од египетските улици е доста богат. Се прави од паста, ориз, леќа, грашок и карамелизиран кромид. Изгледа како голем оброк, а продавачот на улица ќе ви го наполни во сад, затоа што тоа е единствениот начин да го носите со себе.
rn
Виетнам
rnАко сакате набрзина да јадете во Виетнам, побарајте Бан Ми. Овој сендвич кој најчесто се наоѓа кај уличните продавачи е наследство од француските колонизатори. Тоа е мек француски багет наполнет со печено свинско месо, на кој потоа му се додава локален печат преку виетнамскиот мајонез, моркови, ротквици и чили сос.
rn
Израел
rnВегетаријанците можат да си дозволат уличен оброк во Израел. Таму ќе вкусат сабих, специјалитет донесен од Ирачките евреи, кој претставува вкусна комбинација од мек леб со варени јајца, краставички, хумус, тахини и сос од манго.
rn
Финска
rnНајпопуларна улична храна во Финска е питата со месо која е слична на бурекот. Тие ја нарекуваат лихапирака, а ја има во повеќе варијанти зависно од регионот во кој се прави.
rn
Шпанија
rnБокадилјо е едноставен сендвич карактеристичен за Шпанија. Може да биде наполнет со најразлични состојки, а најчесто се наоѓа со шпански омлет или чадена шунка.
rn
Јамајка
rnНа улиците на Јамајка може да се почувствува мирисот на парче свинско или пилешко месо печено на скара со традиционални јамајкански зачини. Тоа е нивниот поим за улична храна.
rn
Бразил
rnНајвкусниот бразилски евтин специјалитет има повеќе имиња зависно од регионот: чипа, пао де киху, пан де јука или куњапе, но секаде тоа е печено топче од леб и сирење.
rn
Мароко
rnПримероците од богатата мароканска кујна кои можат да се најдат по улиците вклучуваат печени полжави, говедски колбаси и печена пченка на стапче.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

