Зошто и како изневеруваат хороскопските знаци?

Зошто и како изневеруваат хороскопските знаци?

Ако се запрашате кој хороскопски знак има најголеми шанси да ве изневери, одговорот е секој знак. Но, некои знаци бараат возбуда, други се чувствуваат запоставени, а тоа е причината поради која изневеруваат. Сепак, заедничко за сите нив е проблемот кој тие го имаат со самодовербата.

Зошто и како изневеруваат хороскопските знаци?

Овен

Овните лесно се вклопуваат во секоја категорија на возбуда. Егото им е многу важно и затоа постојано се во потрага по внимание. Нивните флертови се најчесто емоционални и на тој начин тие бараат да бидат прифатени од другите. Иако важат за огнен знак, многу овни всушност не посегнуваат по тоа што им е забрането. Овој знак изневерува само тогаш кога ќе дознае дека е веќе изневерен од својот партнер.

Бик

Биковите се познати по својата верност, но можат да изневерат од иста причина како и овните, односно, доколку партнерот ги изневери прв или ако постои сомневање за такво нешто. Сомнежот кај биковите се јавува кога тие за возврат добиваат многу малку љубов и внимание од вообичаеното. Изневерувањето го заменува нивното чувство на осаменост и запоставеност.

Близнаци

За близнаците, копнежот не е причина за изневерување. Може да се каже дека кај нив се работи за интелектуално неверство или интимен разговор, што е многу повеќе од телесно изневерување. Тоа всушност претставува еден вид возбуда за овој немирен знак. Кога близнаците се чувствуваат осамени и запоставени, тие започнуваат потрага по сродни души со кои делат исти интереси.

Рак

Ракот е уште еден верен знак кој често се чувствува виновен, па затоа многу ретко чувствува потреба за изневерување. Ако веќе се одлучат за неверство, раковите лесно може да се зпалеткаат во љубовни романси. Многу претставници на овој знак имаат проблем со самодовербата и знаат да бидат многу впечатливи ако сакаат да ја пополнат празнината.

Лав

Огнените лавови постојано копнеат по возбуда. Секогаш мораат да бидат во центарот на вниманието. Дел од нив себеси се сметаат за најдобри љубовници во светот и постојано се обидуваат да го докажат тоа. Посебно се подложни на средовечна криза и затоа често може да се забележат со многу помлади партнери покрај кои и самите лавови се чувствуваат помладо.

Девица

Девиците се уште еден потенцијален емоционален изневерувач. Тие не изневеруваат физички, туку ментално. Девиците, исто како и раковите, честопати чувствуваат грижа на совеста. Мотив за изневерување за девиците може да биде сознанието дека тие се обиделе да направат сè за да ги подобрат работите, но сè што им останува е само фрустрација од неуспешниот обид.

Вага

Вагите имаат силни принципи, го слушаат сопствениот инстинкт и врските ги сфаќаат сериозно. Овие се причините поради кои вагите не важат за потенцијални изневерувачи. Сепак, на вагите им е многу тешко да кажат „не“ и лесно може да се претворат во опасни заводници. Ним им треба љубов и внимание. Вагите живеат со фантазијата за пронаоѓање на вечната љубов и тоа ги спречува да изневеруваат.

Скорпија

Страсните и таинствени скорпии имаат лоша репутација кога се работи за неверство. Зрачејќи со огромен сексапил, тие често се обвинувани дека изневеруваат, без разлика дали тоа е точно или не. Тие имаат потреба од возбуда, интригантни се и малкумина ги разбираат нивните тајни активности. Имаат големи физички апетити кои тешко ги контролираат.

Стрелец

Стрелците секогаш имаат потреба од возбуда. Постојано се прашуваат дали можеби зад аголот има некоја поголема и поинтересна авантура. Важат за многу романтични, но лесно може да западнат во неволја кога невиниот флерт ќе премине во нешто повеќе. Во тој случај ги фаќа паника, па затоа се обидуваат да ја направат вистинската работа кога се во сериозна врска.

Јарец

Јарците помислуваат на неверство кога ќе се почувствуваат несакани и непочитувани. Само малку претставници на овој знак се речиси секогаш расположени за нови возбудувања. Повеќето јарци признаваат дека немаат време да помислат на неверство заради постојаните грижи кои ги имаат. Тие често се обвинуваат самите себе и знаат како да ја контролираат забранетата страст.

Водолија

Водолиите имаат потреба од внимание и сакаат да се почувствуваат дека му се потребни некому. Најчесто водолиите се тие кои се изневерени затоа што нивниот партнер имал потреба од повеќе љубов. Нивното неверство повеќе е интелектуално и емоционално, отколку физичко.

Риби

Причината за изневерување на романтичните риби е нивната слаба самодоверба. Како лавовите, така и рибите може да страдаат од средовечна криза. Кога ќе сфатат дека животот е краток, тие не сакаат да пораснат и постојано ја бараат магијата. Нив ги привлекува мистериозноста и забранетото, па понекогаш дури и кратката авантура со некого може да ја доживеат како судбина.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар