Прочитајте дел од кражбите на делови од мртвите тела на познатите личности…rnrn
rn
1. Бенито Мусолини – мозокот
rnАмериканската влада го зела неговиот мозок за да го проучува, но и како трофеј. 21 година подоцна, во 1966-тата, ѝ го вратила на неговата вдовица.rn
2. Св. Никола – коските
rnВо 1087 година, коските на светецот биле украдени од страна на пирати, на барање на италијанскиот град Бари. Таму сметале дека тие лачат миризлива смола.rn
3. Ана Болејн – срцето
rnСе верува дека Хенри VIII ѝ го искорнал срцето на британската кралица. Го чувал скриено во ковчеже, кое било во форма на срце.rn
4. Галилео Галилеј – прст
rnЗа време на есхумацијата на посмртните останки на тосканскиот астроном, филозоф и физичар, еден од неговите фанови успеал да украде прст, кој денеска е изложен во музеј во Фиренца.rn
5. Џеронимо – черепот
rnЧерепот на индијанецот бил украден од страна на членови на тајно друштво од Универзитетот Јеил. Се претпоставува дека го користеле пред почетокот на некои нивни ритуали.rn
6. Џереми Бентам – главата
rnГо украле студенти на универзитет во Лондон, во 1975 година. Барале откуп за него, кој делумно им бил исплатен.rn
7. Лудвиг ван Бетовен – ушите
rnГи украл еден од хирурзите, кој учествувал во аутопсијата на телото на познатиот композитор. Никогаш не биле пронајдени.rn
8. Че Гевара – коса
rnАгент на ЦИА украл прамен од косата на познатиот револуционер, веднаш по неговото убиство. Праменот бил долг 7.62 сантиметри. Продаден е на аукција во 2007 година, за 100.000 американски долари.rn
9. Алберт Ајнштајн – очите
rnМу биле отстранети за време на аутопсијата од страна на неговиот офталмолог. Тој ги чувал во тегла, на работното биро.rn
10. Наполеон Бонапарта – пенисот
rnЗа време на аутопсијата му бил отсечен пенисот и прошверцуван надвор од островот Св. Елена, каде живеел до смртта. Подоцна некој понудил откуп од 100.000 американски долари.rnrn
