Оваа фантастична фонтана е поставена пред кулата „Бурџ Калифа“ во Дубаи. Распослана е на езерото од 121.000 метри квадратни и може да исфрла 83.000 литри вода во секој момент. Фонтаната е широка 274 метри, а водата може да биде исфрлена до висина од 73 метри во воздухот. Интересно е тоа што може да биде видена и од 32 километри далечина.
Таа дневно одржува неколку шоуа на светски класици и песни од арапскиот свет. Поставена е во 2009 година, а може да уживате во нејзината претстава во неколку термини.





rn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
