Редовните физички активности и правилната исхрана најмногу придонесуваат за здраво слабеење. За да ги губите килограмите на здрав начин, одберете спорт или физичка активност која најмногу ќе ви одговара. Во продолжение, ви претставуваме 12 видови спорт, преку кои најбрзо и најделотворно се согоруваат калории.rn
1. Трчање
rnНаједноставниот, но и многу ефикасен начин за слабеење е трчањето. На почетокот се препорачува да комбинирате бавни и лесни чекори со куси спринтови и брзо одење. Со ваков тренинг на интервали, многу успешно се согоруваат калории.rnrn
rn
2. Возење велосипед
rnБез разлика дали станува збор за собна справа или велосипед кој ќе го возите на отворено, возењето е одличен начин за согорување калории, особено возење на угорница. Со еден час вртење на педалите од велосипедот, можете да согорите од 500 до 1.000 калории.rn
3. Одење
rnБрзото одење, односно пешачење е најлесна физичка активност, а ги обликува нозете, стомакот и бутовите. Одењето по угорница и по нерамен терен, на пример по планина, согорува уште повеќе калории. Наместо возење со автомобил или со јавен превоз, појдете пешки на работа, бидејќи секојдневното пешачење придонесува за доброто здравје.rn
4. Скокање
rnСекоја врста на вежбање која вклучува скокање придонесува за согорување калории. Пример е скокањето со јаже со кое со согоруваат 700 калории во час или скокањето на трамбулина со кое се согоруваат 400 калории. Тренингот кој се состои од скокање и чучнување, исто така е одлична активност за согорување масни наслаги и зајакнување на мускулите.rnrn
rn
5. Танцување
rnЕдноставен, забавен и евтин начин за слабеење е танцувањето. Со оваа телесна активност можете да се занимавате дома, бидејќи доволно е да ја пуштите вашата омилена музика и да играте барем еден час. Можете да купите и некое дивиди, на кое можете да научите потези за танцување, кои ќе ви помогнат да изгубите голем број на калории. Еден час танцување придонесува за губење од 600 до 800 калории.rn
6. Тенис
rnТенисот е забавен спорт кој многу помага за слабеење. Тој бара од вас постојано и брзо да се движите, што е идеален начин за согорување калории.rn
7. Пливање
rnИако летото замина, сепак постојат базени во кои ќе можете активно да се занимавате со овој спорт. Еден час поминат во активно пливање, согорува 800 калории и го обликува целото тело.rnrn
rn
8. Веслање
rnАко барате спорт кој ги обликува рацете, тогаш дефинитивно веслањето е тоа што го барате. Покрај зацврстувањето на мускулите, со веслањето се трошат околу 500-600 калории за еден час.rn
9. Дигање тегови
rn
Иако кардиоваскуларните вежби се клучни за слабеењето и согорувањето на мастите, немојте да го занемарите и вежбањето на телото. Еден час дигање тегови согорува околу 200 калории, а тренерите препорачуваат три пати неделно по 30-40 минути.
rn

rnrn
10. Кикбокс
rnСо оваа активност не само што ќе согорувате околу 600 калории во еден час, туку и ќе го изнесувате стресот од вашето тело.rn
11. Групни спортови
rnСпортовите како фудбал, ракомет или кошарка, бараат постојано трчање со различна брзина и интензитет. Таквата кардиоваскуларна активност помага при согорувањето на мастите, а дополнително, групните спортови се и позабавни.rn
12. Јога
rnИстегнувањето и јогата, покрај тоа што помагаат за намалувањето на стресот, болките во грбот и подобрувањето на флексибилноста на телото, тие се и ефикасен начин за слабеење. Еден час вежбање јога согорува 180 калории, а ако вежбите се потешки и многу повеќе.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
