Во животот секој доживува некаква повреда, физичка или психичка. Психичките повреди може да бидат нанесени преку навреда или кажан лош збор, скршено срце, губење важна личност во вашиот живот и сл. Болката може да биде поголема или помала, некогаш може да достигне и до степен на траума. Еве некои совети за тоа како побрзо да се ослободите од повредата и лошото чувство:rn
Дефинирајте ја вашата болка
rnЕден од најтешките чекори е да допрете до коренот на проблемот. Што е она што направило да се чувствувате повредени? За некои луѓе е тешко да сфатат што е тоа што им нанесува болка, како на пример партнери кои трпат насилство или опсесивна врска затоа што се плашат да ја увидат ситуацијата во која се наоѓаат, се плашат да го напуштат партнерот поради ниско ниво на самодоверба или очај кој се јавува при помислата дека нема излез. Секогаш има излез, само треба да бидете искрени кон себеси. Што е тоа што ве повредило, или сè уште ве повредува? Не плашете се да размислувате на оваа тема, со избегнување на проблемот нема да најдете решение.rnrn
Изразете ја болката
rnНема гаранција дека личноста која ве повредила ќе сака да ве ислуша или дека воопшто ќе бидете во можност да ѝ се обратите, а дури и да ве ислуша никој не ви гарантира дека би постапила онака како што вие сакате. Сепак изразете ја вашата болка, кажете го она што ве мачи. Доколку не сте во можност да зборувате со него/неа, напишете го она што го чувствувате. Психолозите често советуваат да ги напишете вашите чувства на обичен лист хартија. Никој нека не го прочита напишаното, важно вие сте сумирале која е вашата болка и како се чувствувате и многу полесно ќе извлечете заклучок и поука. Клучно е да не се поставувате себеси како жртва, туку како храбра личност која владее со ситуацијата.rnrn
Останете во сегашноста
rnНавраќање во минатото и постојано размислување за она што поминало може да прерасне во зависност. Со постојани прашања од типот: Зошто се случи тоа? или Каде погрешив јас? само се измачувате себеси. Што и да требало да направите не може да го направите сега. Само губите време и уште повеќе се уништувате себеси. Мора да се борите против враќањето назад со мислите. Кога и да ви дојде желба да размислувате за минатото, не дозволувајте си го тоа. Не може да ја оживеете ситуацијата и да ја поправите. Она што може да го направите е да најдете среќа во сегашниот момент.rnrn
Престанете да ја раскажувате приказната
rnРаскажувањето и зборувањето за она што ви се случило може да ви изгледа како начин да ја разберете ситуацијата или можеби само барате утеха или некој да ви каже дека не сте направиле ништо лошо. Вистината е поинаква. Постојаното раскажување на случката само ви создава немир и ве навраќа во минатото. Ве тера да го живеете животот базиран на спомен од минатото кој ќе ја контролира вашата сегашност и иднина. Нема да најдете ни мир ни среќа со задржувањето до таа болна приказна, но можете да се ослободите од лошите спомени и да направите место за нови и поубави.rnrn
Простете си себеси
rnМожеби самите сте ја креирале ситуацијата која ви донела лош исход, а можеби туѓото влијание било поголемо. Како и да е, се обвинувате себеси. Вие заслужувате да си простите самите на себе и да се ослободите од чувството на гнев и каење. Тоа е единствен начин да си го подобрите животот и да се ослободите од болката.rn
Не дозволувајте ѝ на болката да стане ваш идентитет
rnНе сте одговорни за она што ви се случило во минатото, но имате целосна одговорност за вашите постапки во сегашноста. Зошто да дозволите некој кој ве повредил во минатото да има целосна контрола над вас сега? Не дозволувајте болката да стане центар на сите збиднувања во сегашноста. Градете ги вашата сегашност и иднина од светла точка наместо да ги базирате на лошото искуство.rnrn
Поврзете се со личноста која бевте порано
rnНе е лесно да се ослободите од болката особено доколку сте ја задржале во себе подолго време. Помислете на тоа какви бевте пред да ви се случи лошото искуство, вие би можеле да бидете таа личност повторно, личност која не чувствува болка и омраза. Фокусирајте се на она што сте и она што не би сакале да бидете. Размислете кои би биле последиците доколку би се задржале во таква огорчена ситуација.rnrn
Фокусирајте се на нештата кои ви носат среќа во моментов
rnНе мора веднаш да се ослободите од целата болка, всушност заздравувањето е процес кој бара време. Но, може да се фокусирате на она што ве прави среќни сега. Дали излегувањето на сонце или шетањето на вашето куче ќе ве направи среќни? Тогаш направете го тоа! Направете си место за среќа и уживање сега, во овој момент.rnrn
Споделете ја среќата со луѓето околу вас
rnЛуѓето најчесто се изолираат кога чувствуваат болка, но наместо осаменоста одберете да бидете со вашите најблиски. Бидете меѓу луѓе, излезете со вашите пријатели. Вие немате обврска да бидете повредени цело време. Така ќе имате помалку време да се измачувате себеси. Можеби одвреме-навреме ќе натиснат лошите спомени, но доколку имате некаква преокупација или сте опкружени со позитивни личности, ќе ви биде многу полесно отколку да бидете сами.
Мора да сфатите дека секој во одреден период од својот живот бил повреден. Но исто така, мора да сфатите дека не сте должни да страдате и да се уништите себеси поради болката. „Болката е неизбежна, страдањето е сопствен избор.“rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

