Филм: Гавранот (The Raven)

Филм: Гавранот (The Raven)

Убиецот може да биде запрен само од оној кој кој го инспирирал

Филм: Гавранот (The Raven)Режија: Џејмс Мектиг

Улоги: Џон Кјузак, Алис Ив, Лук Еванс

Времетраење: 110 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 април 2012

Жанр: трилер, мистерија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 9,13 од 10)
Loading...

Овој трилер, крстен според најпознатата поема на Едгар Алан По, е обид да се расветлат последните неколку дена пред неговата мистериозна смрт. Славниот писател бил пронајден на клупа во парк во Балтимор во тешка здравствена состојба, по што набргу починал. Некои велат дека во тие моменти, во состојба на агонија го повторувал името „Рејнолдс“, други дека велел „Бог нека ѝ помогне на мојата кутра душа“. Како и да е, сè уште останува мистерија што точно се случило во Балтимор на 7 октомври 1849 година.Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)Додека Едгар Алан По (Џон Кјузак) ги минува деновите во пишување, пиење и ковање планови како да се ожени со убавата Емили Хамилтон (Алис Ив) и покрај противењето на нејзиниот татко (Брендан Глисон), сериски убиец внесува страв во градот. Младиот детектив Филдс (Лук Еванс) ќе препознае дека убиецот е мотивиран од приказните и поемите на По и оперира според нив, па ќе побара помош од него за да го спречат убиецот и понатаму да ги претвора во реалност неговите страшни дела. Тој ќе прифати, а работите ќе кулминираат кога Емили ќе стане следната цел на убиецот.Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)Дејството е сместено во веќе спомнатите неколку октомвриски денови на 1849 година, па сцените најчесто се темни, токму како во поемата на Едгар Алан По. Амбиентот наликува како оној од хорор филмовите, иако нема страшни сцени (со исклучок нa наколку кои изобилуваат со крв), но додава и мистериозност во самиот филм.Филм: Гавранот (The Raven)Филм: Гавранот (The Raven)„Гавранот“ не е некој сјаен трилер кој долго ќе го паметите, но е доволно добар за моментите кога ќе сакате да се опуштите со филм. Воопшто не е тежок за гледање, не бара размислување и читање меѓу редови како некои други филмови – мистерии, па е добар за гледање во секое време.Филм: Гавранот (The Raven)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Лош филм. Искривено претставување на делата на Едгар Алан По.

Остави коментар