Претходно
Новата шармантна Фолксфаген Буба Кабриолет
Најновата верзија на легендарниот модел на Фолксфаген е одличен спој на практичност со добро познатиот стил на Бубата кој ја направи омилена меѓу многу генерации љубители на автомобили.За разлика од претходните модели, овој пат ветробранското стакло е поисправено, а покривот не се собира на задниот дел на возилото со што се овозможува подобра видливост наназад. Внатрешноста е со кафеава нијанса и е модерно средена како и обично. Кога на овој шармантен стил ќе се додадат и 170 коњски сили, јасно е дека се работи за автомобил кој овозможува необично искуство во возењето.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.