Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

Како изгледале првите пронајдоци кои го сменија човештвото засекогаш?

Од денешна гледна точка, можеби првиот мобилен телефон, првиот компјутер и првата фотографија ни изгледаат смешно. Сепак, после нивното откривање светот нема да биде ист. Погледнете ги следниве интересни пронајдоци како изгледале кога биле откриени.

Првиот мобилен телефон е Motorola DynaTAC 8000X. Го изработила компанијата „Моторола“ во 1983 година.Во 1946 година, научниците од универзитетот Пенсилванија, го комплетирале првиот електронски компјутер ENIAC.Првиот фрижидер за домашна употреба изгледал токму вака! Го измислил Фред В. Волф во 1913 година.Овие дами, вработени во познатиот нуклеарен истражувачки центар CERN, ја имаат честа да бидат на првата фотографија испратена на интернет во 1992 година. Таткото на вебот, Тим Бернерс-Ли, со помош на програмерот Силвано де Џенаро, ја обработиле во Фотошоп и ја поставиле на интернет.

Првото видео на Јутјуб е ставено во 2005 година. Го снимил Јаков Лапитски, а на него е прикажан еден од основачите на Јутјуб, Џод Карим во Зоолошката градина во Сан Диего.

Мерлин Монро позира за првото издание на магазинот „Playboy“ во 1953 година.Првиот хард диск го лансира компјутерскиот гигант IBM во 1956 година. Тежел околу еден тон, а на него можело да се складираат 5 мегабајти со податоци.Во Франција во 1826 година, Жозеф Ниепс, ја направил првата фотографија во светот. На истата се доловени згради од фарма. За да ја направи оваа фотографија, на Ниепс му биле потребни 8 часови!Системот на пакување во уникатни стаклени шишиња, придонесе Кока-кола да се развие и да стане еден од најуспешните светски брендови. Кога била произведена во 1886 година, се продавала за 5 центи за чаша. Ова е првото шише дизајнирано за Кока-кола.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар