Практични начини да го организирате домот

Практични начини да го организирате домот

Ви нудиме интересни идеи кои ќе ви помогнат хаосот во вашиот дом да го претворите во беспрекорен ред.

Вашите ножеви ќе бидат подобро организирани и видливи доколку ги наредите на магнетна плоча. На ваков начин, ќе ослободите простор за безброј други кујнски работи.

Несесерот за шминки не е секогаш најдобриот начин за чување на средствата за разубавување. Многу попрегледно би било доколку ги наредите на магнетна плоча (ќе треба да заалепите мали магнетчиња и на секое парче шминка). На тој начин ќе успеете многу побрзо да се нашминкате и да имате увид во својата колекција.

Сите дома имаме многу кабли кои се потребни за уредите што секојдневно ги користиме. Во случај да се само приклучени и оставени, оддаваат слика на неуреден дом. Мора да се согласите дека оваа кутија е уникатна во тоа на каков начин ги собира и ги прави невидливи сите кабли.

Толку многу средства за чистење, што немаме идеја каде сите би ги собрале. Брзо можете да се снајдете во таков куп доколку ги наредите на врата, користејќи ја подлогата со џепчиња. Иако првично е наменета за чевли, во ваквиот случај би била одлично решение.

Скала закачена на ѕид наменета за сушење алишта. Одлично решение за сите домови со мал простор.

Доколку сте љубители на чизми, веројатно имате многу во вашиот плакар за чевли. За да не барате која со која си одговара пред секое излегување, организирајте ги закачувајќи ги на закачалки за пантолони.

Практични начини да го организирате домот

Почнете да ги вртите обратно закачалките кога ќе ја враќате назад носената облека. За неколку месеци оние закачалки што останале непревртени се сигурен знак дека имате вишок облека која не ви е потребна.

Практични начини да го организирате домот

Кога станува збор за постелата, најдобар начин да ја организирате е доколку ги чувате сите чаршафи во една навлака од истиот комплет.

Практични начини да го организирате домот

Обичните тегли се идеални за складирање на сите ситници кои се присутни во секој дом. Во нив можете да сместите железни пари, копчиња и разни ситни дреболии.

Доколку сте љубители на зачинета храна и поседувате многу зачини дома, ви нудиме уникатно решение за нивно складирање. Купете мали магнетни стаклени садови, ставете ги зачините во нив и залепете ги на фрижидерот.

Купете метален држач на кој ќе ги закачете сите ремени. Така ќе бидат прегледни и убаво организирани.

И за многуте пара очила имаме решение. Потребно е само да земете голема закачалка и да ги наредите сите пара.

Сите ситни работи од бањата можете да ги организирате во засебни стаклени тегли. Тие ќе бидат подобро организирани, а и вашата бања ќе изгледа чисто и уредно.

Разните декоративни алки можете да ги наредите на стаклени шишиња. Освен подобра прегледност на вашиот накит, ќе добиете плус креативен украс.

Кога сме веќе кај накитот, добра идеја е долгите ланчиња и ѓердани да ги чувате закачени на метални боцки на дрвена подлога која можете да ја обложите со интересна ткаенина која дополнително и ќе го декорира просторот.

Практични начини да го организирате домот

Ваква табуретка е одлична идеја набрзина да го сокриете сé она што ве нервира, а не сакате да се гледа. Најдобар начин да се искористи е на брз начин да се сокријат детските играчки.

Освен добро складирање на разните состојки во тегли со капаци што вакумираат, важно е да ги обележите. Направете налепница за секоја тегла и залепете ги. Така никогаш нема да погрешите во врска со состојката што ви е потребна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар