КАФЕ ПАУЗА

Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот

Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот

Written by

in

Најголемиот синџир на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“, кој дневно опслужува околу 68 милиони луѓе од 119 земји низ светот, започнал со работа во 1940 година како сендвичара, водена од браќата Ричард и Марис Мекдоналд. Оваа сендвичара се наоѓала на улиците „North E Street“ и „West 14th Street“ во Сан Бернандино, Калифорнија. Оригиналното име на ресторанот за брза храна било „McDonald’s Famous Hamburgers“ и во него се служеле повеќе од 40 видови скара.rnrn

Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Првиот ресторан за брза храна „McDonald's Famous Hamburgers“
rnrnВо октомври 1949 година, откако браќата сфатиле дека најголемиот профит го остварувале од продажбата на хамбургери, тие го смениле менито и во него имало само хамбургери, компири на крукчиња и сок од портокал. Наредната година тие во менито ги вовеле пржените компири и кока-колата. Едноставното мени и лесната подготовка на нивните бургери, им овозможило истите да ги продаваат за 15 центи, отприлика половина цена од бургер во ресторан.rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Задоволни купувачи пред ресторанот во 1950 година
rnrnВо 1953 година, браќата почнале да го шират бизнисот во Феникс, во Аризона и во Дауни, Калифорнија, кој е моментално најстариот постоечки „Мекдоналдс“ ресторан во светот.rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Една од првите постави кои работели во Мекдоналдс
rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Изгледот на првиот ресторан осветлен со неонски светилки во Дес Плеинс, Илиноис во 1955 година
rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Денеска е останат само знакот од првиот ресторан во Сан Бернандино, Калифорнија
rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Првиот „Drive-Thru“ на Мекдоналдс во Сиера Виста, Аризона
rnrn
Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во светот
Денешниот изглед на најстариот останат ресторан во Дауни, Калифорнија
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.