Кифлички со одличен вкус, перфектни за детски прослави и родендени
rn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 400 мл млеко
- 200 мл вода
- 1 лажица шеќер
- 1,5 лажица сол
- 1 квасец
- 100 мл јогурт
- 200 мл загреано масло за јадење
- 1,2 кг брашно
- 1 прашок за печиво
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Загрејте ги млекото и водата, па во нив додадете ги шеќерот, солта и квасецот. Убаво промешајте ги и оставете ги да отстојат 10 минути.rnrn2. Потоа додадете го јогуртот и маслото за јадење. Во брашното измешајте го прашокот за печиво и пополека почнете да го додавате во целата смеса, притоа мешајќи дур не добиете тесто. Откако убаво ќе го замесите тестото оставете го да нарасне.rnrn3. Тестото поделете го на поголеми крукчиња со иста големина и направите исто толку малечки крукчиња кои ќе послужат како носиња за прасињата.rnrnГолемите крукчиња замесете ги во дебелина на еден прст и на горната страна направете мали ушиња од тестото. Малите крукчиња додадете ги врз големите, а за очи ставете црн бибер или парчиња од црна маслинка. На малото крукче со стапче направете две подлабоки дупчиња за носот на прасето.rnrn4. Наредете ги прасињата во тава, оставете ги уште малку да нараснат, намачкајте ги со жолчка од јајце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 Целзиусови степени. Оставете ги да се печат додека убаво не поруменат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
