Поезија: Те вдишувам…

Сподели

Автор: Симонаrn

Реклама

Толку се гласни дождливите капки, кои удираат на површината,rnпа се топат и тонат во мекоста на земјата…rnСе мешаат мириси на две тела некаде во дамнешни соништа,rnво најдлабоката бездна која не го чувствува својот крај…rnИ две замолкнати тишини се будат во својот глад,rnсе приближуваат кон својата острина која нежно убива…rnЕдни прсти кои оставаат силен стисок на кожата,rnте галат сеќавања од нивната грубост …rnРаце на кои се препушташ исто како што паѓашrnво некоја зимска ноќ во длабочините на снегот…rnУспиени движења во одминато времеrnкои полека нежно се влечкаат кон приближувањето…rnИ студот полека го заборава својот лад од топлинатаrnкоја го пополнува секој безграничен простор…rnТука воздухот станува сè потежок и потежок,rnдишењето ја заборава својата редовност…rnТука исчезнуваат сите мисли во својата спонтаност,rnостанувате само вие двајца се затворате во заеднички сон …rnТука ги покриваш очите и ги оставаш другитеrnсетила да водат во непознат и нов правец на распознавање…rnЈа чувствуваш жедта која повикува од неговитеrnусни каде што исчезнуваат последните капки на трпение…rnЗаспива вовлекувањето на трепетот некадеrnпод површината на твојата кожа…rnИ се помрднува секоја стабилност од вознемиреноста наrnтвоето замислено тело кое заборава каде е…rnНежноста почнува да ги зарива своите заби наrnсекое местенце кое плаче од болка…rnПлетеш за себе лично мрежа од збунетостrnсе гушиш и сè уште трагаш по чадот на затемнувањето…rnГорчлив вкус на недозреано овошје на коеrnне можеш да одолееш и го земаш пред своето време…rnЈа распостелуваш својата душа на дното одrnсвоето вивнување во највисоката далечина, ја предаваш…rnГи бришеш своите бакнежи за да можеш даrnизрезбаш нови подлабоки и безбојни дела на неговата силуета…rnСе заплеткуваш во своето грчење и едноставноrnтвоето тело престанува да се движи…rnГо разголуваш својот немир и ги препушташ своите воздишки,rnна мирната тишина ѝ ги оставаш да одекнуваат во неговите уши…rnИ векот не знам како ама се собрал во само еден час,rnно ете од се тоа остана повторливиот незаборавен копнеж…rnИ во голотијата на стутканите тела како што сенката ве покриваrnсе завиткувате во својата топлина, прегратка на спојувањето…rnКоја ме разнесува на неизбројливи парчиња…rnи ме тера да се навраќам во секој момент, во секој допир, секој белег…rnза да се пронајдам… и да ти се вратам пак.

Популарно

Може ќе ве интересира