Заљубен пар се венчал на 22 различни локации од светот

Сподели

Алекс Пелинг и Лиса Грент се брачен пар од Источен Јокшир, кои до сега се имаат венчано 22 пати и тоа постојано на различна локација низ светот. Нивната цел е да се венчаат уште на осум егзотични дестинации.rnМладенците велат дека се моментално позаљубени отколку било кога. Помеѓу големиот број на венчавки кои ги имале досега, тие ги издвојуваат церемониите на Хаваите, на езерото во Мичиген, во Мексико, во Хондурас, во Квебек и во Лос Анџелес, каде што биле маскирани како вампири.rnПарот вели дека до оваа необична идеја дошле уште при планирањето на првата нивна венчавка бидејќи никако не можеле да ја одредат перфектната локација за церемонијата. Така тие решиле да го напуштат нивниот дотогашен живот и во последните две години постојано патуваат по светот.rnОдма после нивното прво венчање во Манчестер со кое Алекс ја изненадил својата сопруга, тие отвориле блог на кои редовно пишуваат за своите патувања и необични венчавки. Професионални фотографи им помагаат за да ги овековечат своите спомени. Интересно е тоа што, секој што сака да присуствува на некоја наредна нивна венчавка, може да се пријави на нивниот блог.

Реклама

rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира