Играта со атлетичарот на Гугл го зарази цел интернет

Сподели

Денеска, корисниците на Гугл, поминуваат повеќе време на почетната страница од вообичаено. Кривец за тоа е супер заразната игрица со атлетичарот кој трча на 110 метри со пречки.

Реклама

rn

Последниве неколку дена Гугл преку обични сликички ги симболизираше тековните Олимписки игри во Лондон во гугл-дудлсот, а денес конечно стави нешто кое ги хипнотизираше сите корисници. Станува збор за забавна игра, во која корисникот треба што е можно побрзо да ја помине патеката и да ги прескокне пречките и тоа само со помош на двете стрелки од тастатурата и копчето „спејс“.

rn

Забавата се крие во тоа, секој од нас да се испроба колку е навистина брз на тастатурата, бидејќи од тоа зависи остварениот успех на симпатичниот олимпиец на Гугл.

rn

Пробајте ја оваа игрица што е можно побрзо, но внимавајте да не ви го утепа цел ден. На некои тоа веќе им се случи. Кој е вашиот рекорд? Можете да направите повеќе од ова? 🙂


rn

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира