Сакате да изгледате помладо без да одите „под нож“? Ви претставуваме 7 едноставни трикови со кои вашето лице ќе делува за неколку години помладо и посвежо.rn
Шишките се повторно „ин“
rnПостои ли подобар начин за сокривање на брчките на лицето од старите добри шишки? Благодарение на нив повеќе нема да изгледате толку уморно после раното будење наутро. Сепак, пред да се одлучите да направите шишки, консултирајте се со професионален фризер дали на вашето лице ќе одговара оваа фризура.
rn
Избегнувајте темни кармини
rnДоколку во вашата торбичка со козметика се наоѓаат голем број кармини со темни нијанси, време е да се ослободите од нив. Наместо тие бои, пробајте да користите корална боја, боја на праска или природно розова боја. Светлите тонови ќе ви го расветлат лицето, а ќе делувате помладо и посвежо.rn
Истакнете ги веѓите
rnОбликувањето на веѓите во домашни услови често знае да заврши нерамномерно. Затоа подобро препуштете се во рацете на веќе проверен професионалец, кој ќе се грижи за нивната уредност.
rn
Испробајте ги производите за сончан изглед
rnНанесете сјаен производ за сончан изглед на лицето и челото, со што ќе придонесете лицето да ви изгледа подмладено и освежено. Внимателно одберете ја нијансата, бидејќи можете да изгледате смешно, доколку не ја погодите бојата.rn
Бели заби
rnПоради сјајно белите заби можете да делувате и до 10 години помлади. Затоа правилната орална хигиена и редовните прегледи на забар се многу важни. Доколку сметате дека вашите заби не се доволно бели, побарајте совет од вашиот забар и направете го потребниот третман.
rn
Светли прамени
rnПробајте за нијанса да ја осветлите бојата на косата. Исто така и за овој дел немојте да експериментирате дома, туку појдете кај професионалец. Светлите прамени ќе ви го осветлат лицето, а вие ќе изгледате модерно и младо.rn
Смејте се постојано
rnНе постои подобар третман за подмладување од насмевка (од седмица до седмица).
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

