Инспиративна уметност на шипки
Уличните уметници т.н. „Zebrating“ се едно неверојатно дуо од Манјахм, Германија. „Zebrating“ напросто кажано би значело „создавање на зебрата“, што го опишува нивниот артистички стил, за кој е потребно употреба на техника со штрафти (какви што има зебрата).Поголемиот дел од нивната работа може да се види низ улиците на Манхајм, но дуото започнало уметнички да ги освојува и улиците во други германски градови како што се Берлин и Штутгарт. Нивната работа навистина инспирира и сигурно им создава пријатно чувство случајните германски минувачи, кога ваков убав портрет ќе ги изненади. Којзнае можеби и во Македонија се крие некој скриен талент, кој ќе ни ги разубави градовите, цртајќи уметнички дела врз старите, за’ргани шипки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.