Како да реагирате кога ќе го сретнете бившиот додека сте со сегашниот партнер?
Она за што секој човек кој влегува во врска треба да биде свесен е фактот дека ќе дојде време кога некој од минатото ќе замеша прсти. И двајцата имале минато, но што се случува кога ќе мора да се соочат со него во сегашноста?
Не реагирајте бурно – Вашата нервозна реакција или изливот на љубомора кога вашиот партнер ќе се сретне со некој/а од своето минато може многу да наштети на вашата врска, но и на вашиот углед. Сигурно не би сакале да изгледате како болно љубоморна и несигурна личност. Однесувајте се природно и нормално, доколку имате некои забелешки за однесувањето на вашиот партнер, мирно кажете ги додека сте насамо.
Внимавајте на вашите движења – Доколку вие сте оние кои се среќавате со некој кој во минатото ви значел нешто, внимавајте како се однесувате во текот на средбата. Обично тоа се оние кратки средби, но и со начинот на кој го упатувате тој краток поздрав и ги кажувате тие неколку збора може да направите грешки. Не воспоставувајте голем физички контакт, не дозволувајте да ве штипка и гушка во текот на муабетот и секогаш држете го/ја вашиот сегашен партнер/ка за рака. Секако дека многу зависи од она што сте го имале со таа личност во минатото и како вашата врска завршила, но не заборавајте колку лесно можат да бидат повредени чувствата на вашиот сегашен партнер.
Зборувајте со партнерот за тоа – Мора отворено како пар да зборувате за тоа и да сте подготвени на ваквите средби, но без тоа да ви стане опсесија и да ви ја уништи сегашноста. Не е во ред постојано да зборувате за вашите партнери од минатото, но секогаш е добредојдено отворено да кажете доколку нешто ви пречи.
Она што не смеете да го заборавите е фактот дека таквите средби ќе се случат и дека не е ништо страшно. Држете до себе и однесувајте се нормално, а не извештачено и неприродно. „Кога ќе ти се јави минатото спушти му слушалка, и онака нема ништо ново да ти каже“, па така и вие, не потклекнувајте на провокации и не дозволувајте средбата со бившиот партнер да ја разниша стабилноста на вашата сегашна врска. Само запамтете доколку сè било во ред со него/неа, вашата врска воопшто немаше да доживее крај.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.