Макао - азискиот Лас Вегас

Макао – азискиот Лас Вегас

Со своите забавни комплекси, луксузни продавници, казина со комплетна услуга и преубави колонијални области, Макао е совршена дестинација за туристите кои бараат незаборавен одмор. Таканаречениот „Лас Вегас на истокот“ се наоѓа во јужниот дел на Кина. Тој во минатото бил административен центар на Португалија, а воедно и најстара европска колонија во државата.

Денеска, Макао е една од најпосетените туристички дестинации во светот. Само во 2011 година, во него влегле 28 милиони туристи. До „азискиот Вегас“ може да се стигне со траект од Хонг Конг или со авион од различни точки во светот.

Макао - азискиот Лас Вегас

Покрај тоа што е богат со спомен-обележја од колонијалната ера, регионот исто така нуди и луксузни хотели, театарски шоу програми, динамичен ноќен живот, а за гастрономите, уникатна кинеско-португалска кујна. Тие не смеат да пропуштат да пробаат од познатиот португалски тарт од јајцa, во „Margaret’s Café“ или во пекарата „Lord stow’s“.

Најголем број туристи привлекуваат театарските програми во Макао. Во комплексот „City of dreams“ (Градот на соништата) се изведува претставата „The House of Dancing Water“ (Куќата на вода што танцува), во која учествуваат акробати, гимнастичари, нуркачи и танчери со фантастична кореографија и сценографија, вредни 250 милиони американски долари.

Макао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас Вегас

Друга атракција во Макао, која е погодна и за семејства е „Ice world“ (Ледениот свет), лоциран во хотелскиот комплекс „Venetian Macau“. Тука може да се видат дела на 50 скулптори кои работат со мраз од градот Харбин. Прекрасните уметнички творби се направени од над 10 илјади блокови мраз. Тие покриваат површина од 1.656 квадратни метри. Нивната температура е константна и изнесува минус 8 степени Целзиусови.

Останати идеи за прошетки низ Макао: прошетки со гондола низ каналите на „The Venetian“, посета на урнатините на катедралата Сент Пол и „птичјиот поглед“ од „Macau tower“. Гостите можат да уживаат и во бројните кабареа, боречкитe турнири, ноќните ласерски шоуа, концерти со корејска поп музика…

Макао - азискиот Лас Вегас

Она што најмногу го оправдува неговиот епитет „Лас Вегас на истокот“ се казината. Во него е сместено најголемото казино на светот, во сопственост на корпорацијата „Лас Вегас сендс“. Па покрај во убавините и забавата кои претходно ги наведовме, туристите можат слободно да ја испробаат и среќата. Најпопуларни се необичните кинески домина, Паи Гоу.

Последните статистики покажуваат дека Макао моментално е најголемиот центар за коцкање во светот. Па затоа, не е ни чудо што огромен дел од неговите приходи се токму од игрите на среќа.

Макао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас Вегас

Каква и да е вашата цел и маршута во Макао, хотелот во кој сте отседнале ќе ви приреди уникатно доживување. Познати по својот луксуз, хотелите нудат буквално сè што еден турист може да посака – разнообразност од интернационални јадења, забавни програми и задоволства, чија што цел е да го направат вашиот престој спокоен, но истовремено и бурен и незаборавен.

Макaо е вреден за посета, независно од тоа дали сакате романтична, забавна или семејна екскурзија, за викенд или за подолг престој. Се препорачува и за ергенски забави. 🙂

Макао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас ВегасМакао - азискиот Лас Вегас

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар