КАФЕ ПАУЗА

Островите на Флорида – рај на земјата

Островите на Флорида – рај на земјата

Флорида е дом на илјадници помали и поголеми острови, атоли и заливи. Покрај брегот на Флорида се распространети 1.700 од кои најпознат е островот Естеро на кој се наоѓа прекрасната плажа Форт Маерс.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Островот Амелија

rnОстровот Амелија претставува тенка бариера помеѓу Флорида и Џорџија. Овој остров е познат по пријатната клима, а од плажите најпозната е плажата Фернандина каде што се сместени градбите на Националниот регистар на историски места.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Мајами Бич

rnПесочните плажи, прекрасните хотели во арт-деко стил и целовечерните забави се синоним за Мајами Бич. Островот е широк само еден километар и се наоѓа блиску до брегот на Мајами. Најдобро време за посета на Мајами Бич е од први до четврти декември, за време на фестивалот на уметноста во Мајами.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Островите Санибел и Каптива

rnСанибел и Каптива се острови кои успеале да ја зачуваат природната убавина во југозападниот дел на Флорида и да ја заштитат од индустрискиот развој. Туристите може да уживаат собирајќи школки и ракчиња по плажите, а љубителите на птици може да го посетат Националниот природен резерват за животни, каде што живеат 272 различни видови птици.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Островот Анастасија

rnНајпозната туристичка атракција на островот Анастасија е градот Свети Августин, најстариот град кој бил постојано окупиран и основан од Шпанците во 1565 година. Привлечна за туристите е и прошетката низ Најстарата куќа, како и Мостот на лавовите. За оние кои повеќе сакаат да се релаксираат, тука се многубројните мотели на плажата кои немаат историски шарм, но затоа се одлични ако сакате да го почувствувате песокот меѓу прстите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Ки Вест

rnКи Вест некогаш беше последна станица на 106-километарскиот архипелаг на коралните острови и рај за хомосексуалците и хипиците. Денес Ки Вест е станица за туристите кои ги преплавуваат крајбрежните барови и продавници. Географски, Ки Вест е поблиску до Хавана, Куба, отколку до Мајами. Овој остров е полн со историја, а меѓу многуте знаменитости, најпознат е музејот кој порано бил дом на Ернест Хемингвеј.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Островот на ѕвездите

rnКако што кажува самото име, Островот на ѕвездите е елитна населба во Мајами Бич која претставува рај за богатите и славните. Иако стражарницата која се наоѓа на влезот на оваа населба создава илузија на ексклузивност, Островот на ѕвездите е целосно отворен за јавноста. Најдобар начин да ги видите куќите на Глорија Естефан, Пи Диди и Шекил О’Нил е да се одлучите за крстарење покрај Островот на ѕвездите.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Плажата Свети Пит

rnПлажата Свети Пит е најпозната плажа во заливот Тампа. На оваа плажа има одлични вечерни забави, а истовремено е доволно мирна за сите оние кои сакаат да се релаксираат. На плажата Свети Пит се наоѓа препознатливото летувалиште во розова боја, Дон Цезар, како и многу други ексклузивни хотели.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Ки Ларго

rnКи Ларго е рај за љубителите на нуркањето и подводните истражувања. Се протега на 112 километри квадратни во Коралниот национален парк. Оние кои сакаат да пливаат заедно со рибите, тука може да видат околу 600 различни видови тропски риби.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrn

Островот Марко

rnОстровот Марко се наоѓа во близина на Нејплс, во југозападниот дел на Флорида. Целиот остров е опкружен со диви места кои личат на пустини, а во средината се наоѓаат оази од плажи и хотелите Хилтон и Мериот, како и многу други луксузни апартмани.rnrnОстровите на Флорида – рај на земјатаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.