Кратковидост

Кратковидост

Не сум буквалист, па ако очекувавте дека ќе ви зборам за кратковидоста од медицински аспект – се лажете. Сакам да зборувам за нашата наивност, лековерност, површното гледање на работите… Па сите ние сме кратковиди! Кој повеќе, кој помалку, секој со својот диоптер. Ама од оваа наша кратковидост, ниедни очила не можат да нè спасат.

Запознаваш тип во дискотека, супер изгледа а и муабетот ви тргнал. Ти се чини дека човекот е баш ОК. Еве една новост, и сериски убиец може да ви изгледа ОК, ако го познавате само 15 минути! Не гледаме далеку, не гледаме детално, како намерно да го одбегнуваме она најважното.КратковидостТипот дели комплименти, ти се чувствуваш како да си на врвот на светот, никој за тебе не кажал поубави работи, кому му е грижа ако тој има некакви „задни“ намери? Епа треба да ви биде грижа, и тоа како! Тие забави, авантури и лудувања за една вечер можат да ви го сменат животот. Не би сакала да звучам како некоја баба, која ве советува да не пиете алкохол и во 9 саатот да бидете в кревет, но најдобронамерно препорачувам сите ние да си ги отвориме очите.

Некогаш и мене ми треба „wake up call“, зашто ако се занесеме дека сè е розово, ќе заборавиме на луѓето кои гледаат низ призмата на сивилото. Постојат такви кои би направиле сè за да стигнат до посакуваната цел, па одредена доза на претпазливост никогаш не е на одмет.

Има луѓе кои биле во врска со месеци, па почнале да откриваат некои поинакви страни за себе. Постојат пријателки кои после години си го покажале вистинското лице, и жени кои дури откако стапиле во брак, дознале за насилната страна на својот сопруг. Е сега, направете мала споредба и размислете два пати пред да тврдите дека го/ја познавате доволно дечкото/девојката со кој/а еднаш сте се сретнале во дискотека!

Па и мали деца ја знаат приказната за Црвенкапа. Драги мои, нели и нејзината мајка ја советуваше да не зборува со непознати? Ви звучи глупаво ова? Е не сум виновна јас што тоа е вистина!

Во пригушени светла, гласна музика и доза на алкохол, ништо не е онака како што изгледа. Истата таа девојка која минатата вечер ви изгледала како модел, еден ден ќе мора да ја избрише шминката, да ги извади чорапите од градникот, да ги соблече штиклите и да излезе пред вас на дневна светлина… Дечкото кој претходната вечер ви симнувал ѕвезди, еден ден ќе мора да ја врати колата таму од каде ја позајмил, да го открие вистинското лице, да ги отвори картите на маса.

Нели би било одлично кога сите ние би биле попретпазливи, да не се залетуваме, да внимаваме со кого се запознаваме, чии пијачки прифаќаме, каде одиме… Лековерноста и наивноста се карактеристики на секој човек, само што во различна доза ги поседуваме.

Бидете свесни дека сите ние сме кратковиди и дека никој веднаш не си го покажува вистинското лице.

Најдобронамерно и од сè срце,

Вашата Ели.

П.С. И до следното читање… гледајте на далеку. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Mn los post… Se gleda deka premnogu e vlozeno trud za da se impresionira toj so cita…. ” i toj sto vi daval komplimenti eden den ke treba da ja vrati kolata od kaj sto ja pozajmil ‘ :)))) ti so nego ke odis radi seks, ili radi kolata… Pretpazlivost e dobro da imas vo sekoj slucaj, ama i treba da znajs so sakas… To so sakas, golemi se sansite deka ke go najdis…. ;))) Pozdrav

Остави коментар