КАФЕ ПАУЗА

Зошто ранобудниците се посреќни и поздрави?

Зошто ранобудниците се посреќни и поздрави?

Новите студии покажале дека оние кои стануваат порано од сабајле се најсреќни, што целосно ја поддржува добро познатата изрека „Кој рано рани, две среќи граби“. Истражувачите заклучиле дека ранобудниците генерално се поздрави и позадоволни од нивниот живот во споредба со ноќните птици бидејќи тие полесно се адаптирале на „распоредот“ на животот.rnrnЗошто ранобудниците се посреќни и поздрави?rnrnНаучниците од Универзитетот во Торонто откриле и дека биолошкиот часовник на луѓето кои ја преферирале ноќта бил „несинхронизиран“ со нивните дневни социјални активности. За разлика од нив, оние кои биле утрински типови често се чувствувале побудно, посреќно и помотивирано при совладување на секојдневните предизвици. Тие меѓу другото имале и подобар имунитет. Нивната студија, која била објавена во весникот „Emotion“ покажала дека оние кои повеќе живееле навечер, со текот на годините полека преминувале во категоријата на ранобудниците.rnrnРене Бис, водачот на студијата изјавил за „Дејли Телеграф“ дека нивните резултати за првпат успешно покажале дека постарите возрасни луѓе се чувствуваат многу подобро од помладите кога стануваат порано. Додека пак, некои претходни истражувања покажале и дека младите ранобудници биле многу посреќни од нивните врсници, ноќните птици.rn
rn

„Тоа што мене ми беше најинтересно е дека нашите резултати сугерираат дека раното будење кај повозрасните луѓе придонесува за подобро расположение, отколку кај помладите. Но, утринските типови луѓе, без разлика на годините сепак се посреќни од останатите и нашите резултати покажуваат дека промената кон раното утринско будење има многу позитивна емоционална придобивка.“

rnВечерните личности кои преферираат да се будат по 11 часот, ќе имаат голем проблем при следење на типичниот работен распоред од 9 до 5, додека пак утринските личности кои стануваат околу 7 часот без проблем можат да се навикнат на овој период за работа. Ноќните птици, кога се приморани да стануваат порано без разлика на тоа колку време спиеле, постојано во текот на денот ќе бидат уморни – а тоа е најголемата причина за нивната несреќност.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.