Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската

Нема љубовна врска која е совршена, поради фактот што никој не е совршен. Но постојат компромиси кои можат да ги избалансираат работите и да ги смират несогласувањата. Проблемот е во тоа што, најчесто за погрешни работи си трошиме време и се трудиме да направиме компромис, а некогаш и за најмала ситница знаеме да избувнеме.

Работи за кои (не)вреди да направите компромис во врската

Најдобро би било да знаете за кои работи вреди да направите компромис, а за кои навистина не вреди да се трудите и да трошите нерви. Вреди да направите компромис за одредени навики на партнерот кои ви пречат, некои кои можеби не можат да се сменат и искоренат целосно, но не се толку опасни за да си ја расипете врската. Направете компромис ако вашиот партнер/ка, ја остава вратата од соба отворена, заборава да ја заклучи вратата од кола, ја остава валканата облека во дневна… Тоа се навики и постапки кои навистина се иритирачки и знаат да ве извадат од такт, но вреди да премолчите понекогаш или да направите некаков договор. Дали е во ред да ја прекинете врската со некој кој навистина ви одговара, само затоа што не го спушта капакот од ВЦ-шолјата?

Од друга страна, треба да си бидеме големи непријатели самите на себе за да толерираме работи кои нè задушуваат, ни ја одземаат слободата и психички нè уништуваат. Не трудете се да направите компромис за:

  • љубоморното однесување на партнерот и претераната љубомора
  • недостатокот на почит и омаловажувањето
  • насилството
  • ставање акцент само на нејзините/неговите потреби
  • имањето целосно различни цели во животот
  • честите несогласувања и расправии кои се повторуваат сè почесто и почесто, а ви носат и солзи
  • работи кои бараат од вас целосно да се смените како личност и да ги занемарите вашите критериуми и гордост.

Луѓето не се менуваат, ќе бидат такви какви што се скроени од самиот почеток. Некогаш си мислиме дека се промениле зашто си го покажале вистинското лице, но тоа не е промена, туку откривање на вистинскиот карактер. Внимавајте какви работи сте подготвени да поднесете и издржите со цел да ви успее врската и секогаш добро размислете дали вреди да направите компромис. Но пред сè запомнете дека дури и доколку станува збор навидум за ситница, тој/таа никогаш нема да се промени!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар