Ако науката е вашето поле на интерес, си должите патување до Фиренца, Италија, поточно посета на Музејот „Галилео“. Тоа е мал музеј кој е преполн со неверојатните научни инструменти од времето на ренесансата. Дури и да не сте заинтересирани за науката, невозможно е да ја игнорирате убавината на овие предмети. Рачно изработени, по најточните стандарди, тие имаат двојна атракција кај посетителите на овој музеј. Прво, тоа се инструменти направени со неверојатни вештини и второ, тоа се технолошки откритија кои се отскочна штица за она што го имаме денес како технологија.rnrnПогледнете дел од изложените научни инструменти, изум на Галилео:rnrn





Што има во музејот „Галилео“ во Фиренца?
