Уникатни цртежи – спој на ликовите од Дизни и „Војна на ѕвездите“
Во последно време сè повеќе и повеќе се зголемува инспирацијата кај артистите за вакви интересни и несекојдневни комбинации. Тие сметаат дека колку се поразлични филмовите или игрите кои планираат да ги искомбинираат, толку подобри и поинтересни ќе бидат и цртежите. Нејтан Бојд, дизајнерот на оваа колекција, завршил одлична работа при создавање на едноставни, но фасцинантни цртежи со помош на ликовите од Дизниeвите цртани филмови и Војна на ѕвездите.
„Дизни веќе го направи ова со неколку акциски фигури, но јас сакав да го направам на мој начин. Честопати Мики Маус е оној кој е портретиран како Лук Скајвокер, што на некој начин и има смисла, но јас отсекогаш сум го обожавал Доналд Дак и поради тоа сакав да го нацртам како херојот од Татуин.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.