КАФЕ ПАУЗА

Анксиозноста ја забрзува активноста на мозокот кај жените

Анксиозноста ја забрзува активноста на мозокот кај жените

Written by

in

Новите студии покажуваат дека мозокот кај жените кои премногу се грижат работи поактивно дури и при полесни задачи. Според научниците од Државниот Институт Мичиген, ова откритие може многу да помогне при идентификација и третман на анскиозните нарушувања.Анксиозноста ја забрзува активноста на мозокот кај жените
rn

„Ова може да помогне при предвидување на развојот на проблеми со анксиозноста подоцна во животот на девојчињата,“ вели Џејсон Мосер, психолог од Мичиген и главниот автор на студијата. „Тоа е само уште еден дел од загатката кој ни помага да сфатиме зашто жените генерално се поподложни на нарушувања на анскиозноста.“

rnЖените имаат два пати повеќе шанси од мажите за развивање на анксиозно нарушување. За да ја дознае причината, Мосер и неговите колеги со помош на електродна капа ја мереле електричната активност на мозокот кај 79 студентки и 70 студенти додека решавале едноставни задачи. Волонтерите биле замолени да ги идентификуваат средните букви во серија на букви. Во лесните верзии, сите букви биле исти (БББББ), додека пак во потешките верзии, средната буква била различна (ББВББ). Тие исто така пополниле и прашалник за тоа колку биле загрижени во текот на испитувањето.rn
rn

„Резултатите покажале дека анксиозните жени имаат поголема електрична активност во нивниот мозок додека ги решавале задачите за разлика од нивните „постудени“ соучесници. Но, кај анксиозните мажи немало зголемена активност. И покрај тоа што на лесните задачи и мажите и жените имале скоро исти резултати, како што тие станувале потешки – анксиозните жени имале значително пониски резултати бидејќи загриженоста им пречела во извршување на задачата,“ вели Мосер.

rnМозокот кај анксиозните жени мора да работи повеќе за да ја заврши задачата, поради мислите и грижите кои им го одвлекуваат вниманието. Многу често анксиозните девојките за време на школувањето/студирањето имаат проблеми со одредени предмети како математика. Истражувачите се сомневаат дека естрогенот може да стои позади преактивниот мозок кај овие девојки…rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.