КАФЕ ПАУЗА

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Летната сезона е многу стресна за жените кога станува збор за избор на костими за капење. Од нас се бара да направиме совршена комбинација, која истовремено и ќе ни ги истакнува позитивните страни на нашето тело и ќе биде по најновиот тренд. Но, што мисли тој за вашиот избор?rnrnМери Клер направила истражување во кое учествувале 100 случајно одбрани момци. Таа барала нивно мислење за најпопуларните костими за капење кај девојките. Погледнете ги резултатите кои ги добила и добро размислете кој модел ќе го изберете ова лето. :)rnrnБикини со врвки – Еден од најпопуларните модели на костими за капење на пазарот е дефинитивно оној кој е составен од најмалку материјал. Но, што навистина мислат мажите за него?rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrn74% биле фанови на триаголниот дел како и на врвките, но останатите 26% сметале дека многу откривал и оставал само мал дел на нивната фантазија.rnrnСтандарден дводелен костим за капење – Најомилениот помеѓу мажите бил токму овој модел. И покрај тоа што ќе имате малку повеќе материјал на вас, сепак би покажувале сосема доволно кожа за привлекување на погледите на момците околу вас.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrn93% целосно го одобруваат, додека пак на само 7% не им се допаѓал бидејќи ги потсетувал на секојдневна долна облека.rnrnТоп без прерамки – И мажите и жените имаат исто мислење кога станува збор за овој модел на костим за капење – тој многу наликува на облеката која ја носеле жените во стариот Рим за време на спортските настани и во бањите.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnМожеби токму оваа историска значајност придонесува одобрување од 89% кај мажите, со кое останатите 11% не се согласуваат.rnrnМонокини – Некои девојки кои сакаат да остават поголем впечаток на плажите, често се одлучуваат за овој модел – станува збор за едноделен костим за капење кој многу наликува на дводелниот.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnШто се однесува до момците, тие немаат баш добро мислење за него. Само 22% велат дека изгледа добро, но најчестиот одговор на останатите 78% бил „Не го сфаќам“.rnrnГорен дел со една прерамка – Овој необичен модел, кој може да биде дел и од едноделен и од дводелен костим за капење не е многу популарен кај мажите. На скоро 67% им се допаѓал, но останатите 33% велеле дека повеќе би им се допаднал горен дел со две прерамки или пак без ниедна.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnНо, девојки не се обесхрабрувајте од нивниот одговор за овој модел. Причината поради која не им се допаѓал на момците не е дизајнот, туку необичните „линии“ кои вие би ги имале по сончањето.rnrnТанкини – Овој модел за првпат се појавил во 90-те и се сметал за скромна верзија од дводелниот модел. Што се однесува до мажите, тие имаат многу различно мислење за него.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnНа 53% им се допаѓал, а останатите 47% не биле многу воодушевени. Неколку од нив го споредиле овој концепт со нивното носење маица по кратки ракави на базен.rnrnЕдноделен костим за капење – Многу мал број од девојките се одлучуваат за овој модел, бидејќи прекрива голем дел од телото. Но, што велат мажите за него?rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnДури 65% од нив целосно го одобруваат, а на останатите 35% воопшто не им се допаѓал. На кратко, тие велеле дека им се допаѓа кога жената изгледа секси во костим за капење, но не им се допаѓа кога таа изгледа како да се натпреварува во пливање на Олимписките игри.rnrnРетро пинап – Овие модели иснпирирани од класичните, се вистински хит во последниве неколку години. Едноделните „бомбастични“ модели и дводелните со висок струк совршено го обликуваат телото на девојките и ги нагласуваат нивните облини.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnМажите велат дека кога одат на плажа не очекуваат да го видат овој изглед кај девојките, па поради тоа само 22% го одобруваат овој стил од 50-тите. Останатите 72% сакаат да видат повеќе кожа.rnrnБикини според најновата мода – Како и сите останатите нови трендови во модата, жените ги сметаат за попривлечни отколку мажите. Овие костими за капење често содржат украсни додатоци како метални прстени, светки, монистри и други необични елементи.rnrnШто мислат момците за вашиот костим за капење?rnrnТие им се допаѓале на само 17% од мажите, додека пак останатите 83% сметаат дека тие не се наменети за пливање. Според нив овој модел не е погоден за на плажа, но е совршен за модните писти.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.