Приказната за глуварчето
Скромното глуварче… Трева која ја има од вашата градина до сите агли на Земјата. Градинарите не се негови големи љубители, земајќи предвид дека е трева, иако неговото присуство го означува почетокот на медната сезона и претставува знак за добредојде.Немојте да се залажете од неговиот навидум едноставен изглед. Глуварчето си има своја интересна приказна.Да започнеме со значењето на неговите имиња, научни и народни. Англискиот збор на глуварчето, „dandelion“, потекнува од француското име кое оригинално значело „забите на лавот“ што се поврзува со погрешното толкување на луѓето кои мислеле дека се работи за портокаловата глава на лавот, притоа збунувајќи ги зборовите брада и заби. Всушност така се нарекува по назабената форма на листовите кои потсеќаат на средновековните прикази на забите на лавовите.Во останатите земји како на пример Италија, Португалија, Шпанија и сè до северните Скандинавски земји, значењето на глуварчето е поинакво. За нашите Галски пријатели, со нивните искрено груби манири, глуварчето значи уринирање во кревет. Всушност и не биле далеку од вистината. Глуварчето е диуретик кој ја протерува урината од телото. Во североисточна Италија зборот глуварче се однесувал на куче-скитник, тротоар или урина. Негативен пристап, нели? 🙂 Како и да е, ако отидеме северно ќе видиме дека Норвежаните имаат фино значење на ова име. Тие го нарекуваат „saffione“ што во превод значи дување. Пољаците успеале убаво да се справат со глуварчето така што имаат различни имиња во зависност од стадиумот на развиток. Додека е во цветна фаза тие го нарекуваат „mlecz“ што значи млеко, име добиено по млечното стебло на растението. Подоцна, кога ќе се развијат семињата се нарекува „dmuchawiec“ – се однесува на дување на семињата.Да продолжиме со научното име. Родот на глуварчето се нарекува Taraxacum кој е претставен со два поголеми вида Taraxacum erythospermum и Taraxacum officinale. Тие имаат прилично мали цветови што се викаат цветчиња. Првата мала тајна на глуварчињата е тоа што се клонови, односно се репродуцираат асексуално – процес познат како апомиксис. Семето се формира од јајце клетка која всушност никогаш не е оплодена. На тој начин секоја следна генерација на глуварчиња е идентична на својот родител. Причина за ова е тоа што глуварчето е триплоид, генетски гледано. Тоа значи дека има непарен број хромозоми, наместо парен што во генетскиот јазик значи дека растението би било стерилно. Но, благодарение на апомиксисот, тие се воздигнуваат над своите гени, па се размножуваат. Вакви видови растенија се карактеристични за северните области.Глуварчињата кои растат во јужните делови на Европа и Азија се диплоиди и тие се размножуваат со опрашување. За постоењето на диплоиди и триплоиди од еден ист вид сè уште се дебатира и не е конкретно разјаснето. Се претпоставува дека одреден број триплоиди ги смениле своите репродуктивни навики за време на леденото доба.Тоа што го прави глуварчето поразлично од останатите треви се неговите прекрасни семиња. Секое мало делче од „сувиот цвет“ на глуварчето претставува едно семе. Со помош на ветер се разнесува и кога ќе слета на земја формира мало коренче од кое ќе се развие младото растение односно розетата. Друга тајна на глуварчето е тоа што од едно семе можат да се формираат повеќе стебленца што ќе процветаат во исто време. Едно семе има мали влакненца на краевите, распоредени кружно кои се, на некој начин, крилја на семето и овозможуваат подолго задржување во воздух, а со тоа и широко распространување. Појавата кога има масивно распространување на семињата со ветер, народски се нарекува снег од глуварчиња. И за крај, најдете некое глуварче и дувнете го со задоволство. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
a nie zoshto go vikame gluvarce?
Затоа што ако ни влезат семињата во уши ќе оглувиме.