КАФЕ ПАУЗА

Потеклото на знаците во писмената комуникација

Потеклото на одредени симболи

Written by

in

Во пишаната комуникација користиме многу симболи чие значење добро го знаеме, но начинот на којшто дошле до секојдневната употреба е познато само за малкумина. Овие неколку приказни имаат за цел да го разјаснат токму нивното потекло.rn
rn

Прашалник (?)

rn

Порано, кога не постоел знакот прашалник, на крајот од прашањето морало да се напише зборот прашалник, или на латински quaesto. Поради тогаш скапата цена на хартијата таа морала да се штеди, па затоа овој збор бил скратен на само две букви – qo. Потоа, за да не биде помешан како дел од реченицата, буквите q и o биле пишувани една врз друга, за по некое време о да стане точка, а q онаа позната крива линија над неа.Потеклото на одредени симболи

rnrn

Извичник (!)

rnНаместо извичник порано се користела кратенката io, изведена од зборовите iocundia и iocundum кои означуваат израз на радост. Слично како во приказната за прашалникот, буквата i била поставена над буквата o со цел да се заштеди на хартија, по што настанал знакот извичник онаков како што го знаеме денес.rn
rn

Еднакво (=)

rnЗнакот за еднаквост кој се користи во математиката е дело на англискиот математичар од шеснаесеттиот век, Роберт Рекорд. Му бил потребен краток знак кој што ќе му помогне во неговите пресметки, па се решил за две паралелни линии сметајќи дека добро ја отсликуваат еквиваленцијата. Неговиот знак бил доста долг, а оној што ние го користиме денес е околу пет пати пократок од него.rn
rn

Тараба (#)

rnПрвичната намена на знакот тараба бил да ги означи селата на мапите во Скандинавија. Вистинското име на знакот е октоторп, од зборовите окто – осум, и торп – фарма на старонорвешки јазик. Околу секое село имало по осум фарми, па октоторпот се користел за да ги означи на мапата. Денес тарабата има многу поширока примена.Потеклото на одредени симболиrn

Мајмунче (@)

rnПотеклото на популарното мајмунче (анг. at) засега останува мистерија. Постојат повеќе теории кои се обидуваат да објаснат како дошло до неговата употреба како знак во пишаната комуникација. Многу е веројатно дека пред интернет ерата се користел за да означи одредени мерни единици, а денешната примена ја добил откако информатичарите решиле дека е идеален за да се вметне во имејл адресите и разните програмски јазици.rn
rn

Aмперсанд (&)

rnЗнакот & најчесто се употребува како замена за сврзникот „и“ се нарекува амперсанд. Потекнува од латинскиот јазик, каде што ја имал истата функција. Во деветнаесеттиот век бил и дел од англиската азбука, но по некое време бил исфрлен.rn
rn

Долар ($)

rnКога Американците вовеле своја валута во 1794 година, таа се викала пезос или шпански долар. Скратениот знак бил составен од латинските букви P и S напишани една врз друга, а кога луѓето почнале да го кратат полукружниот дел од буквата Р, бил добиен денес многу популарниот знак $.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.