КАФЕ ПАУЗА

Кога фотографиите почнаа да комуницираат…

Кога фотографиите почнаа да се движат...

Written by

in

Минатата година првпат се запознавме со терминот кинемаграфии (cinemagraph), кој беше употребен за да се објаснат подвижните фотографии, креирани од страна на фотографката Џејми Бек и веб-дизајнерот Кевин Бург, кој се занимава и со подвижна графика и видео обработка. Сега, талентираното њујоршко дуо, повторно се враќа на сцената со нови, чудесни и уште поинтересни анимирани фотографии во GIF формат. Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Спојувањето на содржината од обичната фотографија со желбата таа да почне повеќе да комуницира со набљудувачот го произведе кинемаграфскиот процес. Артистите прво прават традиционална фотографија и потоа го комбинираат живиот момент во сликата, вметнувајќи ја во неа изолираната анимација, која е создадена од повеќе слики (фрејмови).rnВизуелниот графички артист Кевин Бург започнал да експериментира со форматот .gif во овој контекст, во 2009 година, но немал реализација сѐ додека не оформил партнерство со фотографката Џејми Бек, со која работеле на њујоршката модна недела, а таму се родиле кинемаграфиите.Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...За крај, повторно ќе ја цитираме фотомоделката Коко Роча, која беше дел од првата кинемаграфска фотосесија на Кевин и Џејми: „Тие се повеќе од фотографии, но не се баш ни видеа“. Уживајте. 🙂 Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...Кога фотографиите почнаа да се движат...
rnrnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.