Приватниот остров во Квебек и вилата која се наоѓа на него, позната пејачка Селин Дион и нејзиниот сопруг Рене Анџели го купија во 2001 година. Од пред кусо време тој е ставен на продажба, а за него ви бараат 29,5 милиони американски долари.
Дворецот е изграден во француски стил, а во куповната цена влегува и целиот мебел кој се наоѓа во него. Луксузниот дворец на пејачката влегува во петте најскапи имоти во цела Канада. Осамениот остров гарантира апсолутна приватност, а е оддалечен на 15-минутно возење од Монтреал. Вилата се наоѓа на огромна површина од 20 хектари, а во неа има внатрешен базен, 3 дневни соби, винарска визба, теретана и библиотека. Дворецот е претежно уреден во старовремски стил со елементи типични за дворците во Франција.
Пејачката и нејзиниот сопруг го продаваат овој имот бидејќи многу време поминуваат на Флорида каде што нивниот син оди на училиште, а одржувањето на дворецот ги чини многу пари.












rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
