Танцувајќи со невидливата светлина

Танцувајќи со невидливата светлина

Технологијата непрестајно се развива со многу голема брзина и дури успеа да достигне степен, во кој е споосбна да го препознае човечкото движење. Гејмерската индустрија е во цутот на својот развој и продолжува да ги унапредува своите конзоли кои се сензитивни на движење, како што се Нинтендо Ви и Иксбокс 360 со својот уред Кинект. Начинот на кој работи механизмот во овие уреди ги надминува нашите познавања, но она што го знаеме е дека светлината игра голема улога во работењето на Кинект.Танцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаКинектот работи како камера која проектира инфрацрвени светлосни зраци за да го детектира движењето. Овие светла се невидливи за човечкото око, но се гледаат под фотоапарат при користење инфрацрвена технологија. Дознавајќи го овој податок, фотографката Одри Пенвен, опремена со нејзината инфрацрвена камера, успеала да направи фантастични фотографии, кои ги откриваат илјадниците светлосни точки, кои се проектираат од Кинектот. Нејзината фотосерија ја нарекла „Dancing With Invisible Light“ (Танцувајќи со невидливата светлина). Танцувајќи со невидливата светлинаОвие фотографии, независно од намената на Иксбоксот како конзола и технологијата која стои зад него, изгледаат како светкав диско-подиум. Плус, навистина е интересно да се знае податокот дека овие тенки светлосни зраци ѝ овозможуваат на машината да го улови нашето ултрасмешно движење додека играме некоја игрица. 🙂Танцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлинаТанцувајќи со невидливата светлина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар