Ако сакате да сликате, но истовремено не можете да се одвоите од вашиот таблет или смартфон, тогаш вистинската работа за вас е специјално дизајнираната уметничка четка „Sensu“. Всушност, станува збор за две алатки споени во една. На едниот крај се наоѓа четка изработена од синтетички влакна, а на другиот гумено перо, одлично за скицирање и за пишување. И во двата случаи совршена подлога за вашата уметност е екранот на допир. Особено компатибилни со „Sensu“ се ајфонот и ајпадот.
Цртежите во вашите гаџети направени со оваа необична уметничка четка, изгледаат подеднакво убаво како оние на хартија или на платно. Преку следните видеа, погледнете како точно функционира оваа алатка, која на пазарот треба да се појави веќе наредниот месец, по цена од 34.95 долари.rn
rn
rn
rnrnrnrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
