КАФЕ ПАУЗА

Романтичното цветно кралство во Јапонија

Романтичното цветно кралство во Јапонија

Цветните дрвја Вистерија, познати како фуџи во Јапонија, се многу популарни во оваа земја.  Се смета дека тие се најстарите цветни дрвја што постојат. Едно од најубавите места на кои можете да ги видите овие дрвја е Цветниот Парк Ашикага, кој се наоѓа во јапонскиот град Ашикага. Во овој цветен парк најмногу преовладуваат сини, бели и розови фуџи дрвја, како и жолтите дрвја laburnum, попознати како златен дожд (јапонски: кингусари), кои личат на жолто обоени фуџи.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnМасивните цветни крошни се протегаат на површина од 1000 метри квадратни. Едно вакво големо дрво во паркот, е старо 100 години и неговите гранки се потпрени на начин, кој формира фантастичен огромен син чадор од фуџи цветови. Воедно, има и цветен тунел од бели фуџи цвеќиња, долг 80 метри, а на тунелот од жолтите кингусари пак, му треба уште неколку години за да прерасне во фактички цветен тунел.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnПокрај фуџите, во овој парк ќе најдете и многу други видови цвеќиња, ресторани, цвеќарници и локални продукти. На ова место доаѓаат многу малку странски посетители, а нема ни описи на таблите на англиски јазик. Цената на влезницата во паркот зависи од годишното време, а чини околу 1000 јени (околу 12 долари) во сезоната кога фуџите цветаат.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаrnrnФуџите во Цветниот Парк во Ашикага, најчесто се сосема расцутени на почетокот на месец мај, за разлика од фуџите во Токио, кои цветаат една до две недели пред тоа. Бидејќи овој парк се смета за најдоброто место на кое може да се видат овие цветни дрвја, во сезоната на фуџите има голема гужва од посетители, дури и во текот на работните денови.rnrnРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во ЈапонијаРомантичното цветно кралство во Јапонија
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.