Водич за фризури за долга коса
Автор: Горана Коневска
Имате долга коса која ја негувате, редовно одржувате, потшишувате, но сепак сакате некаква промена. Одењето во салон бара време и средства, кои не сме сите во можност секојдневно да ги одвојуваме, а сепак сите сакаме да изгледаме убаво, привлечно и секогаш со средена фризура.
За таа цел, погледнете ги следните туторијали, како сами дома да направите фризура и тоа за многу кратко време.
Фризура бр. 1
За права и долга коса (со или без екстензии). Може да се направи за забава, излегување, свадба и сл.
Време: 10-15 минути
Потребно е:
- четка за коса
- ластиче (едно или две)
- неколку тенки шноли
- 2 прамени/екстензии (не е задолжително)
- преса (доколку не ви е сосема права косата)
Фризура бр. 2
Претежно за права коса. За на работа и за посвечени моменти.
Време: 10 минути
Потребно е:
- четка за коса
- чешел
- голем број ситни шнолички
- ластиче
- голем ластик за пунџа т.н. шињон (сунѓер во кружна форма), можете да го направите и сами
Фризура бр. 3
Брза и лесна растурена пунџа. Летна фризура, која одговара за права и за виткана коса. Претежно за неформални излегувања.
Време: 5-10 минути
Потребно е:
- чешел
- двоен ластик за коса
- тенки шноли
Фризура бр. 4
Коњско опавче познато и како фризура на Ким Кардашјан.
Време: 5-10 минути
Потребно е:
- чешел
- ластиче
- ситни ластичиња
- тенки шноли
- штипка за коса
- спреј за коса
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.